Оваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везови

Унгарската пекарка и артистка Џудит Пор е современиот Леонардо да Винчи на колачињата. Работејќи од нејзиниот дуќан за декорирање торти и колачи „Mézesmanna“, кој се наоѓа во Ајка, таа подготвува најразлични дизајни: од класични унгарски шари до помодерни форми и облици. За неа не постојат граници кога станува збор за уметноста на украсувањето на колачите, а нејзината способност и вештина се забележуваат на сите нејзини креации во кои се вбројуваат и детални илустрации од луѓе и животни. Сепак, цветните шари инспирирани од везовите се нејзиниот препознатлив стил.

Оваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везовиОваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везовиОваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везови

За да ги произведе овие деликатни композиции, Пор користи повеќе алатки за глазури и шлаг. Таа вели дека секојдневното вежбање е клучно во патот кон успехот и исполнувањето на целите.

Оваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везовиОваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везовиОваа пекарка ги трансформира обичните колачиња во уметнички дела инспирирани од везови

Сѐ е создадено со слободна рака и без помош на скици и цртежи, а во нејзината вешта работа постои еден неверојатен ритам кој ќе мора да го видите за да поверувате.

Погледнете ги останатите нејзини дела…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар