BLOOM 2016: Нова колекција венчаници инспирарни од цвеќињата од Антонија Ристовска

Дизајнерката Антонија Ристовска со посебно задоволство ја претставува новата колекција венчаници BLOOM 2016.

1-bloom-2016-nova-kolekcija-venchanici-inspirarni-od-cvekjinjata-od-antonija-ristovska-kafepauza.mk

Дизајнерката која твори повеќе од 20 години на македонската модна сцена, од оваа сезона го формира подбрендот Антонија Ристовска BRIDE под веќе афирмираниот бренд Антонија Ристовска – подбренд кој ќе биде посветен само на идните невести.

Верна и доследна на својот препознатлив стил и оригиналност и едноставност во формите, венчаниците од дизајнерката Антонија Ристовска се специфични по веќе препознатливите рачно изработени детали, како што се цветовите и богатите везови со кристали, мониста и бисери, доработки кои им даваат единствен и романтичен изглед. Посебно горда на жената која се препознава во стилот на ателјето, а тоа се жени со истенчен вкус, софистициран стил и харизма. Како дизајнер кој особено внимава на деталите и е пред се перфекционист, едноставно ни најмали неправилности не доаѓаат во предвид кога се во прашање дизајни со нејзин потпис, како што вели дизајнерката – на тоа поле немам компромис!

3-bloom-2016-nova-kolekcija-venchanici-inspirarni-od-cvekjinjata-od-antonija-ristovska-kafepauza.mk

Девојката која ќе избере венчаница од колекцијата BLOOM е одлучна во тоа што сака да го добие во поглед на уникатниот и смел дизајн, квалитетот на материјалот и изработката. Таа поседува сензибилитет на современа жена и има храброст да понесе дел од светскиот гламур, а при тоа е сепак романтична девојка која сонува да ја оствари својата бајка.

Мојот сензибилитет е искажан преку палетата на пастелните нијанси на млечно белата, резеда, крем, пудра боја и нијанси на жолта. Имајќи го во предвид тоа дека сите девојки во своите замисли за тоа како сакаат да изгледаат на својот посебен ден, а тоа е дека сакаат да бидат посебни, ме инспирираше за создавање на колекција која во себе ќе содржи неколку потколекции. Секоја од нив е инспирирана од неодоливаата убавина на цвеќињата во пролет, и од неговите нежни пастелни бои, а интерпретиран на различен начин.

8-bloom-2016-nova-kolekcija-venchanici-inspirarni-od-cvekjinjata-od-antonija-ristovska-kafepauza.mk

Колекцијата со својот дизајн е посебна, изразена преку 6 различни дизајни и се одвојува со единствените материјали кои се сами по себе уметничко дело. На свилен органтин се принтани дизајни со мој потпис. Подготовката и принтот на дизајните се направени специјално за новата колекција во Италија. Дел од креациите се збогатени со богати рачни везови. Другите потколекции ја нагласуваат женската силуета преку сирена крој или се во А форма. Изработени од најпрефинети чипки, свилен шифон и француски тул. Венчаниците се префинети во неоромантичен стил.
Изработката на единствена дизајнерска венчаница од мене бара на прво место препознавање на личниот сензибилитет на идната невеста, да и помогнам да ја добие венчаницата која ја отсликува нејзината внатрешност, а при тоа да го задржам мојот личен печат.


Фотографија: Жарко Чулиќ
Шминка и фризура: Даниел Николовски
Модели: Јана Јосковска (Моделс ин) и Ања Ристовска
Цветен аранжман: Ателје Плус


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар