Како максимално да го искористите потенцијалот на вашиот мозок?

Како максимално да го искористите потенцијалот на вашиот мозок?

Со толку многу информации кои се натпреваруваат за нашето внимание овие денови, може да биде навистина тешко да се фокусираме и да останеме продуктивни. Но, овие стратегии можат да ви помогнат максимално да го искористите потенцијалот на вашиот мозок и неговите перформанси.

Како максимално да го искористите потенцијалот на вашиот мозок?

Ако сакате да бидете фокусирани и продуктивни, тогаш преземете ја „контролата“ над вашиот мозок со овие ефективни техники кои можат да ви помогнат значително да ги подобрите неговите способности и перформанси.

1. Медитација

Само 5-10 минути медитација дневно може да ги подобри перформансите на вашиот мозок поврзани со вниманието, самосвеста и меморијата. Освен тоа, медитацијата може да ви помогне да го подобрите фокусот, да носите подобри одлуки и полесно да се справувате со стресот.

2. Вежбајте секојдневно

Редовното вежбање го зајакнува мозочниот хормон кој, пак, ги зацврстува врските помеѓу мозочните клетки. Тој го зголемува и протокот на крв и кислород во мозокот. Затоа, обидете се секој ден да одвоите барем 30 минути за активности како пешачење, трчање или возење велосипед.

3. Здрав сон

Доволно сон, особено здравиот, квалитетен сон, му дава енергија на вашиот мозок. Здравиот сон ги зајакнува и вашата креативност и когнитивна функција. Обидете се да се придржувате до конзистентен распоред за спиење кој ќе вклучува 7-9 часа квалитетен сон во текот на ноќта.

4. Додатоци

Додатоците како омега-3 масни киселини, витамин Б12, витамин Д и магнезиум можат да помогнат во зајакнувањето на здравјето на мозокот.

5. Намалете го стресот

Стресот може да доведе до намалување на деловите од вашиот мозок со текот на времето преку оштетување на невроните и врските. Затоа, обидете се да го контролирате.

6. Учете нови работи

Преку тренингот на мозокот со активности како учење инструмент, јазик или вештина, решавање загатки или вежбање спорт може да се формираат нови нервни патишта и да се задржи когнитивната функција како што старееме.

Откако прочитавте за овие техники, можеби ќе сакате да прочитате и како вежбањето влијае врз мозокот.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар