Како навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?

Силните жени често се главни ликови во филмовите. Ги заведуваат мажите со нивната убавина, а овие мажи го променуваат светот во името на љубовта. Но, нештата се малку покомплицирани во реалниот живот. Овие жени се прославиле благодарение на многу нешта покрај нивниот изглед. Нешто друго направило нивните имиња да останат во историјата. Па, погледнете како навистина изгледале овие неверојатни жени.

1. Бони Паркер

Како навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?

За време на Големата депресија во САД, еден пар ограбувачи станале светски познати. Нивните имиња биле Бони и Клајд. Според приказната, двајцата се запознале во куќата на нивен заеднички пријател. Бони Паркер била келнерка и го мразела нејзиниот живот, а Клајд Бароу ѝ изгледал како момчето со коешто никогаш нема да ѝ биде здодевно. Кога Бони била жива, таа била демонизирана. Медиумите не само што ја нарекувале ограбувач, туку била позната и како убиец на полицајци, и покрај тоа што нема никаков доказ за ова обвинение. Во 1967-ма година излегол филмот „Бони и Клајд (Bonnie and Clyde) кој добил два Оскари. Познатата ограбувачка од Америка била глумена од страна на Феј Данавеј.

2. Лина Кавалери

Како навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?

Лина е италијанска оперска пејачка која ја започнала кариерата по ресторани, а завршила на познатите сцени ширум светот. Таа била една од првите фотомодели, а картите со нејзините фотографии биле продавани низ сите европски градови. Лина била во брак неколку пати, но ниту една од овие врски не ѝ донела среќа. Во Филмот „Убава, но опасна“ (Beautiful but Dangerous) во улогата на Лина ја видовме Џина Лолобриџида.

3. Барбара Радзивил

Како навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?

Барбара Радзивил била кралица на Полска и војвотка од Литванија. Била венчана со Сигизмунд II Август кој бил лудо вљубен во неа. Но, нејзината свекрва ја мразела. Се верува дека токму таа ја отрула Барбара откако станала кралица. По смртта на неговата сопруга, Сигизмунд никогаш повеќе не прозборел со мајка му. Во 1982-ра година, приказната за полската кралица била раскажана во филмот „Епитаф за Барбара Радзивил“ (An Epitaph for Barbara Radziwill). Главниот лик бил игран од Ана Димна.

4. Ан Болејн

Како навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?

Ан била втората жена на англискиот крал Хенри VIII. Хенри веќе бил во брак кога прв пат ја здогледал младата Ан. Веднаш се вљубил во неа, а љубовта била толку силна што успеал да добие развод – нешто што било речиси невозможно во тој период. Ан и Хенри се вериле и тогаш таа ја покажала најлошата страна од нејзиниот карактер. Правела скандали, трошела многу пари и организирала екстравагантни забави. Кралот не бил глупав, и продолжил понатаму наоѓајќи си нова љубовница. Ан добила смртна казна поради неверство. Тажната приказна на англиската кралица можете да ја изгледате во „Другата Болејн девојка“ (The Other Boleyn Girl). Улогата на Ан ѝ припаѓа на Натали Портман.

5. Валис Симпсон

Како навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?

Во 1936-та година, британскиот крал Едвард VIII решил да се откаже од тронот само за да може да се ожени со два пати разведената американска актерка, Валис Симпсон. Кога се запознале, Едвард имал 36 години, а Валис била само една година помлада. Била венчана, но ова не го спречило принцот да ѝ каже како се чувствува. Врската брзо се развила и на парот не му било проблем да се појавува во јавност. По смртта на татко му, Едвард требало да стане крал, но не станал. Добил два избора – или љубовта или тронот. Валис и Едвард живееле заедно сè до 1972-ра година, кога тој починал од рак. Филмот за оваа љубовна приказна е во режија на Мадона и е познат како „В. E.“ (W.E.). Ликот на Валис го игра Андреа Рајзенбороу.

6. Мата Хари

Како навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?

Мата Хари била танчарка, куртизана и… шпионка. По несреќниот брак, таа се преселила во Париз. Овде почнала да изведува источни танци и наскоро станала многу популарна. Ова ѝ овозможило да најде богат маж, а потоа уште еден, и уште еден. Многу мажи сакале да бидат со неа, а таа ги одбирала само најбогатите и највлијателните. За време на Првата светска војна, танчарката која продолжила со истиот животен стил низ неколку европски држави, била регрутирана од Германската разузнавачка служба. По некое време станала извор за информации за Французите. Во Франција попуштила многу брзо, била осудена и била убиена 6 месеци подоцна. Постои ТВ-серија наречена „Мата Хари“ (Mata Hari), а во главна улога можете да ја видите Вахина Џиоканте.

7. Кралицата Викторија

Како навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?

За време на владеењето на кралицата Викторија, Велика Британија напредувала, а луѓето ја сакале и поради нешто друго. Викторија постепено го намалувала влијанието на монархијата врз животите на обичните луѓе и била пример за личност која може да живее без луксуз. Кралицата била навистина вљубена во нејзиниот сопруг Алберт, а и тој во неа. Парот имал 9 деца. За кралицата постои филм наречен „Младата Викторија“ (The Young Victoria), каде што Викторија е играна од Емили Блант.

8. Исадора Дункан

Како навистина изгледале силните жени што ги имате видено на филм?

Исадора била позната танчарка, сопруга и муза на Сергеј Јесенин. Таа патувала низ САД и Европа, но отсекогаш сметала дека нејзиниот пат е учењето. Стигнала во Русија во 1921-ва година, каде што добила можност да отвори училиште за танцување и да добие финансиска помош. Овој период го запознала и Сергеј, кој подоцна ѝ станал сопруг. Бракот не траел долго и во 1923-та година поетот се изморил од животот со познатата танчарка и решил да се разведе од неа. Постојат неколку филмови кои ја раскажуваат приказната на Исадора, а во најновиот, „Танчарката“ (The Dancer), во главната улога ќе ја гледате Лили Роуз Деп.

Дознајте нешто повеќе за животот на некои од најубавите жени низ историјата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар