Една од најопасните плажи во светот: Илјадници туристи и покрај црната статистика

Една од најопасните плажи во светот: Илјадници туристи и покрај црната статистика

Има ли некој кој не би посакал летен одмор на Хаваи? Но, дали знаевте дека овде се наоѓа една од најопасните плажи на светот?

Една од најопасните плажи во светот: Илјадници туристи и покрај црната статистика

Се работи за плажата Ханакапиаи која се наоѓа во прекрасниот парк На Пали. Рајската песочна плажа изгледа особено привлечна во лето, но на туристите не им се препорачува да пливаат овде. Зошто? Бидејќи е една од најопасните плажи во светот.

Тоа се должи на дивите морски струи, особено во текот на зимата кога надоаѓаат огромни бранови и го „проголтуваат“ целиот брег. Освен тоа, најблиската безбедна крајбрежна област е оддалечена речиси 10 километри така што шансите за преживување на секој кој ќе биде однесен од морските струи се многу мали.

Најмалку 15 жртви кои се удавиле на ова место не се пронајдени, а статистиката вели дека секоја година овде животот го губат околу десетина луѓе. Се претпоставува дека над 80 луѓе се удавиле почнувајќи од 2014 година. Дури и локацијата на самата плажа е исто толку опасна колку што е и примамлива.

Сепак, тоа не ги спречува туристите да уживаат овде, особено за време на летниот одмор кога плажата се претвора во одлична локација за пикник, па дури и за капење. Плажата се наоѓа недалеку од патеката Калалау, една од најпознатите планинарски пешачки патеки на Хаваите. Долга е 18 километри и ја поврзува плажата со долината Калалау. Се смета за една од најубавите патеки не само на Хаваите туку и на целото подрачје на САД.

Откако прочитавте за плажата Ханакапиаи, можеби ќе сакате да го прочитате нашиот список на најопасните плажи во светот.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар