Тест: Изберете слика и откријте што ве очекува во октомври!

Тест: Изберете слика и откријте што ве очекува во октомври!

Фокусирајте се на себе и на сопствениот живот. Запрашајте се: „што ме очекува следниот месец?“, а потоа изберете една од овие слики. Сликата што ќе ја одберете ќе ви го даде одговорот.

Тест: Изберете слика и откријте што ве очекува во октомври!

  • Слика бр. 1

    Оваа слика ве предупредува да не бидете премногу арогантни и да не избрзувате со одлуките. Внимавајте бидејќи иако понекогаш слепо им верувате на ветувањата на другите луѓе, сепак тие можат да ве доведат во непријатна ситуација! Освен предупредување, оваа слика навестува и нова промена во вашиот живот. Така, за да ја разјасните ситуацијата, проверете ги добиените информации и осврнете се на фактите, а не на туѓите зборови.

  • Слика бр. 2

    Овој избор е поврзан со правдата. Така, доколку имате важни прашања кои треба да ги решите во најкраток можен рок, не грижете се бидејќи во октомври ќе можете да очекувате правдата да победи и на тој начин да бидат решени вашите проблеми. Доколку, пак, сте направиле грешка за која можете да бидете казнети, не треба да се грижите бидејќи ќе ја избегнете евентуалната казна. Ќе престанат да ве осудуваат или вие самите ќе ѝ простите на личноста која ви згрешила. Можеби ќе успеете одново да воспоставите добри односи со личноста која имала недоразбирање со вас.

  • Слика бр. 3

    Овој избор открива дека во октомври ве очекуваат сомнежи. Така, ќе ви биде тешко да сфатите што треба да направите и во која насока треба да продолжите да чекорите. Сомнежите се појават можеби како резултат на новите идеи и можности. Тоа значи дека ќе треба да вложите значителен напор за да ги решите можните проблеми во овој период. Освен тоа, можно е да наидете и на две можности и да ви биде тешко да изберете една од нив. Доколку, пак, се појават проблеми во љубовната врска, не губете време и обидете се да ги решите што побргу.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве спречува да ги остварите вашите соништа.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар