Како ќе ни влијае младата Месечина на 25 септември?

Како ќе ни влијае младата Месечина на 25 септември?

Во септември нè очекува млада Месечина во знакот Вага на 25 септември. Истовремено ќе бидеме сведоци и на енергијата на ретроградниот Меркур која ќе нè натера да се позанимаваме со работи од минатото. Иако неизвесноста и тешкотиите со расудување ќе продолжат, лунарната фаза ќе нè поттикне да се фокусираме кон нашите вистински чувства. Сега е време да погледнете во себе и да се запознаете со моќната интуиција која може да ви ги открие тајните сознанија на вашето битие.

Како ќе ни влијае младата Месечина на 25 септември?

Во ноќта помеѓу 22 и 23 септември нè очекува есенската рамноденица што за некои може да претставува и вистински пресврт во животот. Освен тоа, ќе ни биде потешко да се прилагодиме на новата енергија, но за среќа тука ќе биде Месечината во знакот Вага. Нејзината енергија ќе нè подготви за нови работи и ќе нè поттикне да воспоставиме рамнотежа. Во текот на овие денови добро би било да се запрашате себеси како и каде најдобро ја користите вашата енергија.

Животот честопати нè тестира и ни носи предизвици, но важно е да сфатиме дека секогаш имаме избор. Младата Месечина нè поттикнува да сфатиме каков став ќе заземеме кон одредени ситуации во животот.

Меѓу другото, Јупитер, планетата на изобилството и можностите, ќе биде особено активна во овој период. Преку неговата енергија ќе ни биде полесно да разјасниме одредени работи во животот. Станува збор за планета која носи среќа, добрина и богатство. Под нејзиното влијание можеме внимателно да ги испланираме нашите следни чекори, но можно е и нашите желби да произлезат од сосема неочекувани извори и насоки.

Освен тоа, сега треба да се фокусираме и на едноставноста, свесноста, јасноста и волјата да пронајдеме внатрешен мир и хармонија. Обидете се да ѝ се препуштите на леснотијата и на тој начин да ги решите навидум комплицираните прашања.

По оваа млада Месечина, започнуваме да навлегуваме во сезоната на затемнување која ќе настапи за време на следната млада Месечина на 25 октомври. Во тој период нè очекуваат нови, судбоносни промени!

Откако прочитавте за влијанието на младата Месечина во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае ретрограден Марс во наредните 6 месеци.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар