Како ќе ни влијае ретрограден Марс во наредните 6 месеци?

Како ќе ни влијае ретрограден Марс во наредните 6 месеци?

Марс, планетата на војната и акцијата, ќе почне да се движи ретроградно од 30 октомври 2022 година сè до 12 јануари 2023 година, додека во знакот Близнаци ќе остане до 26 март 2023 година. Со оглед на фактот дека долго време ќе остане во знакот Близнаци, Марс како планета на акцијата, мотивацијата и енергијата, ќе ни донесе многу немири, бури и недоразбирања.

Како ќе ни влијае ретрограден Марс во наредните 6 месеци?

Влијанието на Марс ќе биде силно во наредните месеци и ќе нè поттикне да се соочиме со нашите стравови, блокади и ограничувања. Можеби на прв поглед ќе ни се чини тежок и болен процес, но всушност ќе нè ослободи од сета негативност што се насобрала во нас. Тоа, пак, ќе биде неопходно доколку сакаме да го живееме животот од нашите соништа.

Марс ги претставува нашите стравови, но и нашата способност да преземеме акција, нашата машка страна, нашето его, страсти и сексуален нагон. Ретки се периодите кога Марс е ретрограден, па затоа силно ќе го почувствуваме неговото влијание во следниот период. Така, овој период ќе биде поволен за:

  • Да размислите на што ја трошите вашата енергија
  • Да ја процените вашата мотивација
  • Да станете свесни за вашите страсти и цели
  • Да го претворите егото во здрава љубов кон себеси
  • Да внимавате на вашето сексуално здравје

Ретроградниот Марс во знакот Близнаци се преклопува со ретроградниот Меркур од 29 декември до 18 јануари 2023 година. Станува збор за период со силна ретроградна енергија која ќе нè охрабри да погледнеме внатре во нашата душа и да се преиспитаме себеси.

Освен тоа, ретрограден Марс во Близнаци ќе укаже и на проблеми со технологијата, доцнења и тешкотии при склучување договори. Со други зборови, ретрограден Марс има тенденција да ги забавува работите. Неговата енергија може да нè натера да кажеме нешто пред да размислиме или да направиме нешто без претходно да анализираме. Затоа, бидете особено внимателни со одлуките во овој период бидејќи сè што е избрзано може да доведе до несакани последици!

Откако прочитавте за влијанието на ретрограден Марс во наредните месеци, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци ги очекуваат големи предизвици до крајот на 2022 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар