Гневните адвокатки се сметаат за „хистерични“, а гневните адвокати за „моќни“

Гневните адвокатки се сметаат за „хистерични“, а гневните адвокати за „моќни“

Едно ново истражување од Универзитетот во Аризона покажало дека и во судницата постои полова пристрасност. Психолозите направиле лажно судење во кое 3 женски и 3 машки адвокати ја дале својата изјава во врска со судење за убиство користејќи го гневот како емоционална алатка.

Гневните адвокатки се сметаат за „хистерични“, а гневните адвокати за „моќни“

Испитаниците имале задача да ги оценат адвокатите во однос на нивната ефикасност кога покажувале гнев. И машките и женските испитаници изјавиле дека гневните адвокати биле моќни, со натпреварувачки дух и дека би ги најмиле. Гневните адвокатки, од друга страна, биле гледани како хистерични и неефикасни.

Џесика Салерно, професор по психологија и главен научник во истражувањето изјавила:

„Кај добриот адвокат се очекува да покаже традиционални машки карактеристики на суд – гнев, агресија и моќ. Но она што се случува е мажите имаат корист од ова однесување, додека жените се казнети за истото. Гледаме драми од судници во кои адвокатите покажуваат емоции и има вистински огномети. Луѓето очекуваат адвокатите да се однесуваат на овој начин. Ова однесување е одлично за мажите, но за жените има негативен ефект.“

„Ги замоливме испитаниците да кажат колку гневни се актерите. Тие сметаа дека и мажите и жените се подеднакво гневни. Гневните мажи се сметаа за поефективни и испитаниците сакаа да ги најмат. Ова не важеше за жените. Испитаниците сметаа дека гневните жени се помалку ефективни и не сакале да ги најмат. Сите ние растеме во иста култура. Изложени сме на истите полови стереотипи. На долгорочен план ова значи дека адвокатките нема да можат да ја демонстрираат моќта што луѓето ја очекуваат од нив. За жал ова има лошо влијание на нивната кариера и нивната ефикасност со судиите.“

Погледнете и кои се 4-те типови дискриминација против кои треба да се бориме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар