Интересни показатели што го откриваат полот на детето

Сите идни родители сакаат да го откријат полот на нивното бебе. Пред да дознаете на ултразвук, овие неколку интересни начини ќе ви помогнат во тоа. Сепак, почекајте докторот да го потврди полот пред да започнете да купувате сина или розова гардероба.

Интересни показатели што го откриваат полот на детето

1. Храната по која копнеете

Ако постојано јадете слатка и засладена храна, најверојатно носите девојче. Ако копнеете по солена и зачинета храна, голема е веројатноста да добиете момче.

2. Утринска мачнина

Ако бременоста ви поминува без или со многу малку утринска мачнина, најверојатно носите момче. Ако желудникот ви е постојано вознемирен и имате утринска мачнина, најверојатно носите девојче.

3. Обликот на стомакот

Ако вашиот труднички стомак е низок, подгответе се за многу сина облека, а ако стомакот е поставен повисоко, во гардеробата на вашето дете ќе преовладува розовата боја.

4. Пулс на срцето

Ако околу седмата недела од зачнувањето, бројот на отчукувања на срцето детето е 140 или повеќе во минута, тоа покажува дека ќе имате девојче, а ако срцевиот ритам е под 140, можете да очекувате момче.

5. Акни

Мозолчињата и лошиот тен се знак дека ќе станете мајка на девојче. Се верува дека акните се појавуваат затоа што девојчињата им ја крадат убавината на своите мајки.

6. Големина на градите

Ако левата дојка изгледа поголема од десната, тоа може да покажува дека ќе имате син. Поголема десна дојка значи дека може да очекувате девојче.

7. Гушкање на стомакот

Ако веќе имате мало девојче и тоа постојано ве гушка околу стомакот, во вас расте момче. Ако имате син кој постојано го гушка стомакот, во вас расте девојче.

8. Тест со венчалниот прстен

Врзете прстен на конец, по можност венчалниот и држете го така што ќе виси над стомакот. Ако прстенот се движи напред-назад, може да очекувате девојче, а ако се движи во круг, може да очекувате момче.

Прочитајте ги овие 25 луди факти за бременоста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. . Reply

    Дали кафепауза стигна до вакви маалски муабети. Во најмала рака ова е прост текст. Денес секој може да го дознае полот на ехо, а не да нагаѓа.

Остави коментар