25 луди факти за бременоста

Иако сите луѓе нема некогаш да бидат бремени, сепак бременоста е важен дел од нашите животи. Дури и ако сте машко и ако не ве интересира оваа тема, добро би било да дознаете нешто повеќе. Во продолжение погледнете неколку луди факти за бременоста што ќе ви ја променат перспективата.

25 луди факти за бременоста

1. Иако не се знае зошто, многу бремени жени изјавиле дека порцеланските тоалетни школки добиваат виолетова боја откако ќе седнат на нив. Причината можеби е рН вредноста.

2. Првото празнење на цревата на бебето се нарекува мекониум. Мекониумот може да се тестира за да се открие дали мајката употребувала наркотици во текот на бременоста, а на некои места ова одлучува дали жената ќе може да го задржи детето.

3. На некој начин, женките кенгури се секогаш бремени. Ако има глад или суша, тие можат да ја паузираат нивната бременост.

4. Некои жени одбиваат да поверуваат дека се бремени и наместо тоа се убедени дека во нив расте тумор. Тие може и да ја кријат својата бременост, што може да биде опасно за фетусот.

5. Заблудата за бременоста е многу посилна отколку што верувате. Една во 2.500 жени не прифаќа дека е бремена дури ни за време на породувањето.

6. Псевдокозата е обратна состојба од заблудата. Во овој случај жената верува дека е бремена, па може дури и да покажува симптоми на бременост, како подуен стомак.

7. До 60-тите години на минатиот век, единствениот начин да се открие дали жената била бремена или не било со инјектирање на нејзината урина во женка од вид африкански жаби. Ако жената е бремена, жабата би овулирала за неколку часа.

8. Иако тинејџерите во САД и Европа имаат речиси исто ниво на сексуална активност, кај европските тинејџерки бременоста е поретка бидејќи почесто користат пилули за контрацепција.

9. Хормоните кои се ослободуваат за време на доењето помагаат во намалување на матката до нејзината природна големина.

10. Доколку бремената жена има оштетување на некој од органите, фетусот испраќа матични клетки за да го поправи.

11. Во 2014-та година, Лидија Ферчајлд од Вашингтон била под истрага бидејќи нејзината ДНК не се совпаѓала со онаа на нејзините деца. По некое време било одредено дека таа не е нивна биолошка мајка, иако ги родила. Наводно, причината е што мајката била „комбинација“ од две личности. Односно, кога била фетус, требало да има и близнак, но нејзиното тело ја прифатило ДНК-та од близнакот кој никогаш не се родил.

12. Во автомобилите Ролс Ројс ставаат само кожа од бик, бидејќи кај кравите можат да се појават стрии во текот на бременоста.

13. Секоја година, 1 од 20 жени во Америка има непланирана бременост.

14. Пред 1978-ма година во Америка било легално да се отпушти жена од работа доколку забремени. Потоа бил донесен Акт против дискриминација на беремени жени.

15. Феноменот каде што жената забременува додека е бремена е наречен суперфекција.

16. Во 1991-ва година, Габи Сигел, жена со мртов мозок, била вештачки одржувана во живот цели 3 месеци бидејќи била бремена. На крај родила здрав син.

17. Евтините домашни тестови за бременост се исто добри колку и скапите.

18. Емисијата на MTV „16 и бремена“ (16 and Pregnant) е поврзана со намалување на бројот на тинејџерски бремености.

19. Киднапирање на фетус е кога една жена се преправа дека е бремена, а потоа убива друга жена (која вистински е бремена) за да го украде нејзиното дете.

20. Првиот ваков забележан случај е во 1987-ма година, кога Дери Пирс ја задавила Синди Реј и го исекла бебето од нејзиниот стомак со клучеви од автомобил.

21. Биолозите од Универзитетот Корнел откриле дека утринската мачнина кај мајките е всушност чистење на телото од токсини.

22. Првите тестови за бременост биле од древен Египет. Жените уринирале на поле со пченица и јачмен. Доколку изртела пченицата, плодот бил женски, а доколку изртел јачменот, плодот бил машки. Доколку не изртело ништо, жената не била бремена.

23. Помеѓу 2007-ма и 2011-та година биле раздавани бесплатни контрацепциски средства во Сент Луис. Во овој период, бројот на абортуси се намалил за 75%.

24. Со цел да откријат дали некоја поларна мечка е бремена, вработените во зоолошката имаат посебно тренирано куче кое го мириса нејзиниот измет.

25. Комарците обично пијат нектар. Тие пијат крв само кога се бремени.

Погледнете ги и работите кои никој не ви ги кажува за првата бременост.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар