Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд

Девојките на агентот 007 – Џејмс Бонд

Автор: Ели Радеска

Бонд девојка (анг. Bond Girl) е главната женска улога во филмовите за Џејмс Бонд, познатиот англиски агент 007. Бонд девојките се атрактивни и убави, познати по нивниот впечатлив изглед. Тие се менуваат скоро во секое продолжение на филмот, за разлика од актерите кои го толкуваат Бонд во неколку продолженија. Имињата на Бонд девојките се интригантни, двосмислени и провокативни. Ова се поголемиот дел од нив.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд1. Урсула Андрес е првата Бонд девојка која ја толкува главната женска улога во „Доктор Но“ (Dr. No), Хани Рајдер. Воедно ова е првиот филм за Џејмс Бонд прикажан во 1962 година, каде Шон Конери ја има улогата на агентот 007. Незаборавен момент од филмот е кога Хани Рајдер излегува од вода во бело бикини пеејќи „Под манго дрвото“ (Underneath the Mango Tree). Таа поставува стандард за идните Бонд девојки, а се појавува и во пародијата за Џејмс Бонд во 1967 насловена како „Казино Ројал“ (Casino Royale).Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд2. Блекмен во улога на Пуси Галор e една од најпознатите Бонд девојки која во „Голдфингер“ (Goldfinger) од 1964-та толкува улога на негативец, но подоцна му помага на Бонд да го спречи злобниот план на Голдфингер.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд3. Мие Хама ја толкува улогата на Киси Сузуки од „Само двапати се живее“ (You only live twice) од 1967 година. Оваа Бонд девојка е прекрасна Јапонка која заработува нуркајќи и барајќи школки, но она што никој не го знае е дека таа работи за тајните служби. Таа дури и ќе се омажи со Бонд, но само поради потребите на нивната заедничка мисија.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд4. Дијана Риг во филмот „Тајната служба на Нејзиното Височество“ (On her Majesty’s secret service) од 1969 година ја одигра улогата на Трејси ди Виченцо. Таа е една од најсилните Бонд девојки и неговата единствена вистинска љубов со која стапува во брак.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд5. Џил Џонс ја игра улогата на Тифани Кејс во „Дијамантите се вечни“ (Diamonds are forever) од 1971 година. Во филмот, Тифани е шверцер на скапоцени камења, а самата тврди дека името ѝ е дадено според престижната продавница „Тифани“, каде нејзината мајка се породила купувајќи свршенички прстен.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд6. Барбара Бах ја толкуваше улогата на девојката Ања Амасова во „Шпиунот кој ме сакаше“ (The spy who loved me), продолжението од 1977. Таа е руски агент со кодирано име XXX и влегува во тимот на Бонд успешно толкувајќи двојна улога.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд7. Мелина Хевлок е името на оваа Бонд девојка одиграна од страна на Керол Буке во „Само за твоите очи“ (For your eyes only) од 1981-та. Таа му се придружува на Бонд во една од неговите мисии со цел да ја одмазди смртта на нејзините родители, а во една пригода ќе му го спаси животот на агентот 007.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд8. Октопуси играна од страна на Мод Адамс во истоименото продолжение „Октопуси“ (Octopussy) во 1983 година –  Мод Адамс претходно се појавува во „Човекот со златниот пиштол“ од 1974 каде ја толкува улогата на придружничка на негативецот Скараманга.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд9. Ким Бејсингер во улога на Домино Петачи во „Никогаш не вели никогаш“ (Never say never again) од 1983 година – Ова е всушност првата голема улога за Ким Бејсингер. Таа е љубовница на негативецот Ларго, но ќе го предаде откако ќе ја дознае вистината за смртта на нејзиниот брат.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд10. Тања Робертс е Стејси Сутон во продолжението од 1985 година насловено како „Поглед на убиство“ (A view to a kill). Стејси е геолог и му помага на Бонд да го разоткрие страшниот план на Зорин.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд11. Марјам Д’Або ја има улогата на Кара Милови во „Здивот на смртта“ (The living daylights) од 1987 година. Таа е позната виолончелистка која е спасена благодарение на инстинктите на Бонд.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд12. Кери Лоуел во улога на Пем Буливер во „Дозвола за убиство“ (Licence to kill) од 1989 година – Од оваа девојка Бонд ги добива потребните информации и разоткрива цела дилерска организација.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд13. Наталија Симонова – оваа улога ја има Изабела Скорупко. Таа е руски компјутерски програмер. Наталија му помага на Бонд да ја најде трагата на неговиот непријател во „Златно око“ (Golden eye) од 1995 година.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд14. Фемке Џенсен во улога на Ксенија Онатоп е уште една девојка во „Златно око“ (Golden eye), но не е одраз на женственост, таа ги убива нејзините жртви кршејќи ги со силните колкови.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд15. Веј Лин е улогата на Мишел Јео, одлична Бонд девојка од „Секогаш ќе има утре“ (Tomorrow never dies). Таа е агент од Кина која многу добро знае карате. На почетокот, водејќи иста мисија со Бонд, тие се противници, но на крај се здружуваат за да го уништат Карвер.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд16. Парис Карвер – оваа улога ја толкува Тери Хачер, уште една Бонд девојка во „Секогаш ќе има утре“ (Tomorrow never dies) од 1997 година. Оваа Бонд девојка е убиена од страна на нејзиниот сопруг поради аферата со Бонд.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд17. Џинкс – Во ова продолжение насловено како „Умри друг ден“ (Die another day), Џинкс е жена-лидер во НАСА чија љубопитност ја доведува до многу неволји, но се разбира Бонд е секогаш тука да ја извлече.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд18. Улогата на Веспер Лунд ја толкува убавата актерка Ева Грин во „Казино Ројал“ (Casino Royale) од 2006 година. Таа крие многу тајни во текот на нејзината мисија со Бонд и преминува од позитивен лик во негативен. Откривајќи ја женската моќ за лаги и интриги, Бонд вели дека после неа нема да верува во ниедна друга жена.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд19. Стробери Филдс чија улога ја има Гемма Артертон, е агент во MI6 чија задача е да го врати Бонд во Ла Паз, Боливија. И покрај тоа што нејзиното име не е нагласено во текот на филмот „Зрно утеха“ (The Quantum of Solace) од 2008 година, во листата на улоги е наведена како Стробери.Девојките на агентот 007 - Џејмс Бонд20. Камил – улогата ја има Олга Куриленко, исто така во продолжението „Зрно утеха“ (The Quantum of Solace). Таа е член на тајната служба во Боливија, а подоцна се приклучува кон мисијата на Бонд поради сопствени мотиви.Девојките на агентот 007 - Џејмс БондМислите дека Бонд ги заведува сите овие девојки? Или агентот 007 е тој кој паѓа на шармот на убавата жена? Останува да видиме што ќе ни донесат девојките од 23-то продолжение „Скајфал“(Skyfall).


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    Olga Kurilenko…………

Напиши одговор на Име Откажи одговор