Која е улогата на цинкот во одржувањето на имунитетот?

Која е улогата на цинкот во одржувањето на имунитетот?

Имунитетот е сложен процес за чие непречено одвивање се потребни повеќе хранливи материи, а е една од нив е и цинкот. Според истражувањата, цинкот игра голема улога во имунолошкиот систем и еве на кој начин помага во зајакнување на нашиот имунитет.

Која е улогата на цинкот во одржувањето на имунитетот?

Цинкот е еден од најважните минерали и е вториот најзастапен минерал во нашето тело по железото. Важно е да знаете дека телото не може да го произведува, па затоа морате да го внесувате преку исхраната.

Цинкот, исто така, игра важна улога и во активирањето на повеќе од 100 ензими кои се вклучени во важни функции, како создавањето ДНК, синтеза на протеини, имунолошка функција, па дури и клеточен раст, поделба и метаболизам.

Една од најпознатите функции на цинкот е неговата улога во одржувањето на имунитетот. Минералот помага во создавање молекули на антителата преку кои телото се брани од разноразни бактерии и вируси.

Покрај тоа, цинкот делува и како антиоксиданс кој ги зајакнува природните одбранбени механизми на телото. Цинкот се карактеризира и со антиинфламаторни својства и може да помогне во борбата против оксидативниот стрес.

Единствениот начин за внесување на цинк во организмот е преку храната и разноразните додатоци. Научниците предупредуваат дека вегетаријанците и веганите треба особено да внимаваат со оглед на тоа дека морската храна и месото се примарни извори на овој минерал. Од друга страна, растителните извори на цинк стануваат сè помалку недостапни.

Првите знаци кои укажуваат на недостаток од цинк се губењето апетит и ослабената имунолошка функција.

Од друга страна, прекумерното внесување на додатоци од цинк може да доведе до гастроинтестинални нарушувања. За повеќето луѓе, дневното консумирање цинк не смее да надмине повеќе од 40 милиграми. Надминувањето на препорачаната дневна количина може да ја попречи и апсорпцијата на други важни минерали како бакар, железо и магнезиум.

Откако прочитавте за улогата на цинкот во зајакнувањето на имунитетот, можеби ќе сакате да прочитате и како да откриете дали на вашето тело му недостасува цинк.

Извор: mindbodygreen.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар