Неделен хороскоп од 23 до 29 мај: Кои хороскопски знаци ги очекува среќа во љубовта и кариерата?

Неделен хороскоп од 23 до 29 мај: Кои хороскопски знаци ги очекува среќа во љубовта и кариерата?

Не пропуштајте ги астролошките предвидувања за оваа недела!

Неделен хороскоп од 23 до 29 мај: Кои хороскопски знаци ги очекува среќа во љубовта и кариерата?

Овен

Позитивни мисли, чувство за хумор и весело расположение ќе ве следат овие денови. Сепак, будно внимавајте на сè што се случува околу вас. Што се однесува до работата, конечно ќе завршите со досегашните обврски и ќе можете да свртите нов лист.

Бик

Поголемиот дел од слободното време ќе го поминувате во сосема обични активности уживајќи во нечија наклонетост. Ќе ги цените малите нешта без да се надевате и очекувате нешто повеќе. На работа колегите ќе почнат повеќе да го ценат вашето знаење и да ве прашуваат за совет. Не кријте ги вашите способности и слободно споделете ги идеите со другите.

Близнаци

Во поглед на љубовта, ќе бидете измачувани од напади на љубомора и фрустрации, а тоа особено ќе го почувствуваат оние кои се во врска. Од друга страна, ќе бидете подготвени да им помогнете на другите и да го примените своето знаење во пракса. Малите недоразбирања во комуникацијата со другите, пак, ќе бидат привремени.

Рак

Оние од вас кои се во врска ќе направат сè за да ги подобрат односите со партнерот, а оние кои се слободни почесто ќе излегуваат и ќе запознаваат нови луѓе. Во однос на кариерата, она што веќе завршило, завршило. Сега е време да се фокусирате на она што тукушто почнува.

Лав

Партнерот ќе ви покаже како подобро да ги искажете своите емоции. Применете ги оние совети за кои верувате дека сте добри. На работа ве очекуваат нови предизвици кои ќе бараат внимателен и паметен пристап. Ве очекуваат и нови обврски кои ќе треба да ги сработите заедно со колегите, а тоа ќе значи и дека ќе бидете принудени да ги прифаќате туѓите компромиси.

Девица

Доколку сте во долгогодишна врска ќе имате потреба од дружба и нови активности со нови луѓе. На вашиот партнер тоа нема секогаш да му се допаѓа, затоа обидете се да му ја објасните вашата потреба за дружење со другите. Доколку не сте во врска, многу брзо ќе запознаете нови луѓе. Што се однесува до бизнисот и кариерата, вашите способности и знаења ќе играат голема улога во следниот период. Благодарение на нив ќе можете да ги донесете вистинските одлуки.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар