Дали знаете дека пеењето на птиците влијае на среќата на луѓето исто како и покачувањето на платата?

Дали знаете дека пеењето на птиците влијае на среќата на луѓето исто како и покачувањето на платата?

Колку е поголема разновидноста на птиците со кои сте опкружени, толку е подобар квалитетот на животот, покажува новото германско истражување.

Дали знаете дека пеењето на птиците влијае на среќата на луѓето исто како и покачувањето на платата?

„Низ Европа, индивидуалното уживање во животот е поврзано со бројот на околните видови птици“, пишуваат авторите на истражувањето.

Според истражувањето, живеењето и работењето во близина на биолошки разновидна популација на птици е исто толку важно за среќата како и приходите. Зголемувањето на разновидноста на птиците за 10% го зголемува задоволството од животот исто како и зголемувањето на платата за 10%.

Истражувачите ги користеле податоците од „Европското истражување за квалитетот на животот“ за да го утврдат постоењето на врската помеѓу птиците и среќата кај повеќе од 26 000 луѓе од 26 европски земји.

„Најсреќните Европејци се оние кои имаат некаков контакт со многу видови птици во својот секојдневен живот или кои живеат во средина населена со разни видови птици“, вели главниот автор Џоел Меторст, истражувач на Универзитетот „Гете“ во Франкфурт.

Како највидливи елементи во природата, птиците се добри показатели за целокупниот биодиверзитет, особено во урбаните области.

Дури и кога не се видливи, тие се најзвучните животни со кои обично се среќаваат луѓето. Повеќето луѓе не се ни свесни колку добро влијание има птичјиот звук врз нивното расположение.

Но, постои уште еден аспект што влијае на задоволството од животот, а тоа е околината. Местата со најмногу видови птици се обично природни, биолошки разновидни предели, со соодветни зелени површини, како што се шумите, ливадите, езерата и потоците. Овие сини и зелени простори се поврзани со среќата и во многу други истражувања.

Прочитајте ги овие 25 работи за среќата што треба да ги научите во 20-тите години.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар