25 работи за среќата што треба да ги научите во 20-тите години

25 работи за среќата што треба да ги научите во 20-тите години

Во 20-тите години од животот може да научите како да преживеете раскинување, како да се смирите со пријателите, како излезете од долгови или како да доите бебе. Но, постојат неколку работи што можеби никој нема да ви каже, а ќе посакате да сте ги знаеле порано. Еве што треба да знаете за среќата во вашите 20-ти години.

25 работи за среќата што треба да ги научите во 20-тите години

1. Негувајте ги вашите пријателства. Можеби никогаш нема да имате пријателства толку силни или лесни за одржување.

2. Вежбајте за да се чувствувате добро, не за вашето тело да изгледа добро.

3. Смејте си се самите на себе.

4. Правете Кегелови вежби.

5. Не чувствувајте вина ако купите евтино вино. Или скапо вино.

6. Жените не ви се конкуренција; тие ви се сојузници.

7. Автентичното извинување не е знак на слабост, туку моќен чин на храброст и сила.

8. Побарајте помош.

9. Престанете да се нарекувате „дебели“.

10. Вашите родители можеби навистина знаат што зборуваат. Понекогаш.

11. Изедете ја тортата.

12. Споредбите со другите луѓе можат да ве уништат; единствените споредби што треба да ги направите се со жената што сте биле, жената што сте и жената што сакате да бидете.

13. Правете уште повеќе Кегелови вежби.

14. Ако се двоумите, одберете ги секси чевлите пред оние удобните. Понатаму ќе имате многу време за удобни чевли.

15. Однесувајте се кон луѓето со почит и не очекувајте ништо помалку за возврат.

16. Кажете „не“ кога го мислите тоа.

17. Феминизмот не значи женственост; тоа значи еднаквост. Носењето накит и шминка, земањето на презимето на вашиот сопруг и маникирот не ве прават помал феминист.

18. Не губете контакт со својата духовност, дури и ако не одите во црква или не знаете во што веруваште.

19. Опкружете се со луѓе кои ви дозволуваат да бидете вашето најдобро јас.

20. Научете ја разликата помеѓу хулахопки, хеланки и панталони за јога.

21. Пријателствата се апсолутно неопходни за вашата благосостојба. Направете ги исто толку важни колку и романтичните врски.

22. Пронајдете гинеколог кому му верувате.

23. Промената на вашите мислења, ставови, убедувања или однесување не значи дека сте неодлучни; тоа значи дека сте внимателни и дека се развивате.

24. Во ред е да не знаете дали сакате да бидете мајка. Ако сте мајка, во ред е да не знаете дали сакате постојано да бидете мајка.

25. Уживајте во овој момент од вашиот живот, но верувајте дека најдоброто допрва следува.

Прочитајте ги најубавите зборови на големите уметници за љубовта и за среќата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар