Постојат 6 начини на управување со вашите пари: Во која група спаѓате вие?

Постојат 6 начини на управување со вашите пари: Во која група спаѓате вие?

Постојат многу различни видови луѓе кога станува збор за личните финансии. Откријте како да управувате со вашите пари и како да заштедите според начинот на трошењето.

Постојат 6 начини на управување со вашите пари: Во која група спаѓате вие?

1. Жонглер

Одлуките за купување ги носите со срцето (не со главата). Со други зборови, ако видите нешто без што едноставно не можете, ќе го купите, без разлика дали станува збор за убава блуза што сте ја виделе на Инстаграм или за најновиот вид кафе во кафуле. Да чекате нешто едноставно не е ваша работа, повеќе сакате да го купите веднаш, така што сте познати по импулсивниот шопинг. Иако може да имате различни апликации на вашиот мобилен телефон што ќе ви помогнат да ги следите вашите трошоци, вие сепак не ги користите.

2. Менаџер

Пензиски фонд или инвестиција? Најверојатно го имате тоа. Финансиската стабилност е ваша област на експертиза и сакате да планирате и да поставувате финансиски цели на долг рок. Без разлика дали штедите за следниот одмор или за домашен депозит, со вашата организација и со вашите вештини за управување можете да бидете сигурни дека ќе ја исполните својата цел. Сепак, поради оваа посветеност, понекогаш може да ви недостасува малку спонтаност.

3. Живеј во моментот

„Како може да го планирате утрешниот ден, кога не завршил ни денешниот?“ Ова ја сумира вашата животна мантра. Со задоволство ќе ги потрошите сите пари во еден момент, дури и ако тоа значи да позајмите малку. Живеете во моментот, а тоа значи дека многу се забавувате, иако тоа навистина не му помага на вашето идно јас во тој процес.

4. Разумно (рационално) трошење

Сигурноста е ваша работа, а преземањето ризик дефинитивно не е. Веројатно имате ниско ниво на она што психолозите го нарекуваат „толеранција на неизвесност“, што значи дека се обидувате да се држите настрана од што било непознато. Не правите ризични набавки, но плаќате повеќе за квалитетни предмети што траат, а за големи трошоци ја користите својата заштеда.

5. Самостојни

Имате тенденција да барате најсоодветен начин за сè што правите, вклучувајќи го и финансиското управување. Вие сте практични, креативни и снаодливи во пристапот. Веројатно имате доволно заштеди за „црни денови“, но исто така сте подготвени да го искористите вашиот буџет ако тоа значи уживање во значајни искуства со семејството и со пријателите.

6. Балансирани

Вашата зона на удобност е сè за вас и вие сте реалист кога станува збор за финансиите – знаете како да управувате со парите и колку имате. Вие всушност не чувствувате притисок од врсниците како другите, што значи дека не ви пречи да го прескокнете излегувањето пред платата. Освен тоа, се држите до брендовите што ги познавате и ги сакате, наместо да пробувате нови. Сигурноста ви е важна, но можеби не се чувствувате целосно сигурни во долгорочните финансиски планови.

Прочитајте ги овие 3 финансиски лекции од 2020 година кои ќе ви го олеснат управувањето со парите во 2021 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар