Најубавите зборови на големите уметници за љубовта и за среќата

Многумина пишуваат за љубовта, се обидуваат да ја објаснат, да ја научат и да ја разберат, но за некои љубовта претставува страдање и болка. Прочитајте што рекле за љубовта некои од најпознатите уметници, големи умови, важни историски и современи личности.

Најубавите зборови на големите уметници за љубовта и за среќата

„Може ли некогаш да се заборави она што еднаш сте го сакале?“ – Жан Жак Русо

„Ни фустанот не треба да се крпи, а камоли љубовта. Подобро е да заминете.“ – Меша Селимовиќ

„Бакнежот е прекрасен трик дизајниран од природата за да го прекине говорот кога зборовите стануваат излишни.“ – Ингрид Бергман

„Бракот се состои од три работи: љубов, доверба и трпеливост.“ – Бранислав Нушиќ

„Ако сакаш некого, кажи му го тоа, затоа што срцето може да биде скршено дури и од зборовите што не се изговараат.“ – Жарко Лаушевиќ

„Љубовта нема години, таа секогаш се раѓа.“ – Блез Паскал

„Заљубувањето е нешто добро, забавно и може многу да го збогати животот. Но, тоа е различно од љубовта. Љубовта нема цена и не треба да се менува за ништо.“– Пауло Коелјо

„Оние кои сакаат длабоко, никогаш не стареат; дури и ако умрат од старост, умираат млади.“ – Жарко Лаушевиќ

„Ако воопшто знам што е љубов, тогаш тоа го знам поради тебе.“ – Херман Хесе

„Треба да се навикнете на малку тага во животот. Нема да знаете што е вистинската среќа, ако немате со што да ја споредувате.“ – Пауло Коелјо

„Кој мисли дека е среќен, тој е навистина среќен.“ – Јован Дучиќ

„На тој што има среќа не му треба ништо друго.“ – Матија Бешковиќ

„Тој што има среќа во картите, нема во љубовта. А, тој што нема среќа во љубовта, нема во ништо друго.“ – Ѓорѓе Балашевиќ

„Не зависи од вас дали ќе бидете богати, но од вас зависи дали ќе бидете среќни.“ – Епиктет

„Успех е да го добиеме она што го сакаме. Среќа е го сакаме она што ќе го добиеме.“ – Дејл Карнеги

„Сјајот на една топла мисла вреди многу повеќе од парите. Среќата не ни ја носат богатството и луксузот, туку смиреноста и работата.“ – Томас Џеферсон

Прочитајте ги 25-те цитати на Габриел Гарсија Маркез што заслужуваат да бидат запаметени засекогаш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар