9 ситуации во кои археолозите не можеле да ги објаснат своите пронајдоци

9 ситуации во кои археолозите не можеле да ги објаснат своите пронајдоци

Многу древни мистерии не можат да бидат решени од разни причини – губење докази, уништување на археолошки споменици и слично. Но археологот Фредерик Херберт од National Geographic смета дека можеме да направиме уште подобри откритија откривајќи некои тајни од минатото. Тој ги собрал 9-те најмистериозни археолошки пронајдоци кои не можат да бидат објаснети ни во 21-иот век.

1. Гробницата на Црвената кралица, Мексико

9 ситуации во кои археолозите не можеле да ги објаснат своите пронајдоци

Во 1994-та година археолозите пронашле гробница во мајанскиот град Паленке. Тие откриле ковчег со остатоци од жена кои биле покриени со црвен прав. Исто така во ковчегот имало колекција од бисери. Околу черепот имало дијадема и остатоци од погребна маска. Истражувањата покажале дека Црвена кралица имала околу 60 години на денот на смртта. Она што е чудно е тоа што моќта била наследувана само од мажите. Жените ја немале таа чест да бидат закопани со богатствата пронајдени во ковчегот на Црвената кралица.

2. Човекот од Ла Вента, Мексико, 1947 година

9 ситуации во кои археолозите не можеле да ги објаснат своите пронајдоци

На фотографијата се прикажани археолози кои проучуваат огромна камена глава од цивилизацијата Олмек во Ла Вента, Мексико. Биле пронајдени 17 глави и сите се опкружени со многу прашања. Како луѓето од тој период успеале да изградат толку големи и тешки статуи? Какви алатки користеле? Како ги пренесувале материјалите за изградба? И зошто им биле потребни овие огромни глави? Покрај големите, пронајдени се и многу помали камени глави.

3. Винчестер пушка, модел од 1873-та година

9 ситуации во кои археолозите не можеле да ги објаснат своите пронајдоци

Оваа пушка била пронајдена навалена на дрво во Националниот парк во Јута. Во 1870-тите во овој регион почнале да се појавуваат многу рудници и ранчови. Изненадувачки е тоа што никој не ја допрел пушката повеќе од 100 години.

4. Изгубениот град во пустината Калахари, Јужна Африка

9 ситуации во кои археолозите не можеле да ги објаснат своите пронајдоци

Во 1885-та година, патникот и пронаоѓачот, Големиот Фарини, напишал извештај за мистериозен град што го пронашол во пустината. Извештајот им го предал на Кралското географско здружение на Велика Британија и објавил книга во која детално го опишал својот пронајдок. Фарини тврдел дека градот бил изграден во форма на лак, а некои делови биле скриени под песокот. Професорот А. Џ. Клемент ја истражувал приказната и утврдил дека градот најверојатно се камења кои наликуваат на ѕидови. Во 2016-та година била направена уште една експедиција во пустината. Научниците конечно ги пронашле камењата опишани во извештајот на Фарини. Сепак, сè уште не е познато дали овие камења се лажни.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар