Едно кафе менува сѐ: скоро 2,5 милиони денари доделени во наградната игра на Doncafѐ!

Едно кафе менува сѐ: скоро 2,5 милиони денари доделени во наградната игра на Doncafѐ!

Doncafѐ, едно од омилените кафиња на овие простори, најде начин како да ја направи минатата година подобра за навистина голем број љубители на кафе. Во наградната игра „Едно кафе менува сѐ“ која траеше цели десет месеци, беа доделени награди во вредност од скоро 2,5 милиони денари! Македонските кафеџии со секоја купена кесичка Doncafѐ Moment или Doncafѐ Minas учествуваа во месечните извлекувања како и во финалното извлекување кое го одбележа почетокот на оваа нова 2021 година, која носи надеж за сите.

Со своето повторно влегување на македонскиот пазар, Doncafѐ заедно со својот дистрибутер Гемак, ги израдува сите љубители на квалитетно кафе, произведено со највисока технологија за зачувување на полната и богата арома на кафе.

Меѓу оние на кои едно кафе навистина ѝ промени сѐ е добитничката на 100.000 денари – Љубица Сеизова од Гевгелија.

„Ниту на сон не претпоставував дека една купена Doncafѐ кесичка навистина може да промени сѐ!“– вели  Љубица, за која купената кесичка навистина донесе добри вести. „Јас сум верен уживател на Doncafѐ, и навистина бев пресреќна што добрите вести, оваа голема награда доаѓа токму од моето омилено друштво, моето омилено кафе!“ вели таа.

Љубица и уште дванаесетмина љубители на Doncafѐ добија по 100.000 денари. Останатите речиси 14 000 добитници се израдуваа на телевизори, лаптопи, мобилни телефони, парични награди од 3.000 денари и други стокови добивки.

Од  Штраус Адриатик, глобалната компанија – производител на препознатливото Doncafѐ која на голема врата го најави враќањето на овој пазар, велат дека ова е само почеток:

 „Македонските љубители на кафе се едни од нашите најдраги: секогаш знаат да препознаат што е добро, го консумираат само она што навистина им се допаѓа, не прават отстапки кога се работи за квалитет и се одликуваат со извонредна лојалност. Бескрајно сме благодарни за топлото добредојде со кое Македонците нѐ пречекаа, и уште посреќни нѐ прави фактот дека успеавме да усреќиме толкав број љубители на Doncafѐ. Се надеваме дека за сите нив, едно кафе изминатата година, навистина промени сѐ.“ – изјави Катарина Шибалиќ, Маркетинг директорка во Штраус Адриатик.

Од компанијата најавуваат изненадувања и добри вести за љубителите на добро и квалитетно кафе, и во оваа 2021 година.

Комерцијален текст


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!
  1. Анонимен Reply

    asd

Остави коментар