Не морате да бидете гении за да ги решите овие интересни загатки

Вежбањето не му е потребно само на вашето тело, и мозокот има потреба од редовни вежби. Загатките се одличен начин да го направите тоа. Па, земете лист хартија и пенкало и фатете се за работа.

1. Градби

Не морате да бидете гении за да ги решите овие интересни загатки

На една улица има 6 градби – пекара, продавница за домашни миленици, студио за тетовирање, продавница за играчки, шивачки бутик и салон за убавина. Еден градежник треба да ги поправи сите градби за една недела, но го изгубил планот за работа. Сега потребно е да ја искористите вашата логика за да ја дознаете локацијата на градбите и да запомните која треба да се поправи прва. Градежникот се сеќава на следните нешта:

  • Има една градба помеѓу студиото за тетовирање и градбата која треба да се поправи прва.
  • Има 2 градби помеѓу салонот за убавина и шивачкиот бутик.
  • Шивачкиот бутик е изграден последен на оваа улица.
  • Продавницата за домашни миленици не треба да биде поправена прва.
  • Има 2 градби помеѓу продавницата за играчки и студиото за тетовирање.
  • Има 3 градби помеѓу пекарата и шивачкиот бутик.
  • Продавницата за играчки е лоцирана помеѓу градбата која треба да биде поправена прва и уште една градба.

Како се распоредени градбите и која е првата што треба да се поправи?

2. Мачки

Не морате да бидете гении за да ги решите овие интересни загатки

На една фарма има 20 мачки со разни бои и карактеристики. На фотографијата се гледаат нештата кои им се заеднички на сите локални мачки. Бројот на мачки е означен. Користејќи ја сликата, откријте колку мачки се совпаѓаат со секој опис.

1. Црвените мачки со шарени опашки кои фаќаат глувци немаат болви.

2. Белите мачки со болви и шарени опашки не фаќаат глувци.

3. Кафеавите мачки со болви фаќаат глувци и нивните опашки не се шарени.

4. Црните мачки без риги кои сакаат да фаќаат глувци немаат болви.

5. Црвените мачки со шарени опашки имаат болви и се добри во фаќање глувци.

6. Црвените мачки со болви и шарени опашки сакаат да фаќаат риби.

3. Убиство

Не морате да бидете гении за да ги решите овие интересни загатки

Првата дланка е на Миа, втората на Џејн, третата на Џенифер и четвртата на Џон

Мери и Бен живееле со нивните 4-ца пријатели. Еден ден Бен си дошол дома и ја пронашол Бети мртва на каучот. Детективот пристигнал и ги испрашал сите:

  • Миа била во кујната 2 часа.
  • Џејн цртала во нејзината соба.
  • Џенифер пливала во базенот 3 часа.
  • Џон читал книга.

Детективот ги замолил сите да му ги покажат дланките и открил кој го лажел. Како го направил тоа?

4. Карти

Не морате да бидете гении за да ги решите овие интересни загатки

На масата има 12 карти. Потребно е да откриете која е секоја карта без да ја превртувате. Има неколку правила:

  • Сите карти имаат различен број и секоја има своја вредност. Асот е еднаков на 1, Џандарот е еднаков на 11, Дамата е еднаква на 12 и Попот е еднаков на 13. Броевите на другите карти се еднакви на нивната вредност. Вкупната сума на сите е 83.
  • Картите со иста боја не се една до друга ни вертикално, ни хоризонтално.
  • Секоја редица карти има 4 разни симболи, а секоја колона има 3 различни симболи.
  • Попот е десно од левата страна на седмицата.
  • Тројката е веднаш над деветката.
  • Деветката е десно од Ас лист.
  • Десетката баклава е сосед на Дамата (вертикално и хоризонтално).
  • Дамата и четворката имаат ист симбол.
  • Картата под буквата Н и двојката имаат ист симбол.
  • Вредноста на картата под буквата F e за 1 повисока од вредноста на картата под буквата Ј.

Погледнете ги решенијата на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар