Бакнувачи, внимавајте: 7 болести кои се поврзани со мононуклеозата

Бакнувачи, внимавајте: 7 болести кои се поврзани со мононуклеозата

Мононуклеозата (народски наречена и болеста на бакнувањето) има една добра и една лоша страна. Добрата е што имате некого со кого се бакнувате, а лошата е што доколку се заразите со вирусот, следат неколку недели боледување. Болеста е проследена со висока температура, треска, намален имунитет и зголемени лимфни јазли, лечењето е долго, организмот ослабува, но како и секој вирус, по некое време поминуваат сите симптоми и повторно се впуштаме во бакнувачки авантури.

7 болести кои се поврзани со вирусот на мононуклеоза

Сепак, со завршувањето на боледувањето, не значи дека засекогаш сме се ослободиле од здравствените ризици. Всушност, „Nature Genetics“ објави студија изработена од детската болница во Синсинати, каде е наведено дека мононуклеозата го зголемува ризикот за седум други болести, меѓу кои и лупус, целијакија и артритис. Вирусот на мононуклеозата (Епстајн-Баровиот вирус) останува засекогаш во телото на носителот, иако мали се шансите повторно да се активира.

Болестите поврзани со мононуклеозата се: системски лупус еритематозус (или само лупус), мултиплекс склероза, ревматоиден артритис, детски јувенилен артритис (Стилова болест), воспаленија во стомачната празнина, целијакија (нетолеранција на глутен) и дијабетес тип 1.

7 болести кои се поврзани со вирусот на мононуклеоза

Епстајн-Баровиот вирус во телото лачи протеин наречен ЕБНА2 кој ги „збунува“ генетските инструкции на нашата ДНК, па често гените не можат да ги „вчитаат“ молекулите и резултатот е имунолошко нарушување. Сепак, сознанието дека овој вирус може да влијае на ниво на гените, може да отвори и сосема ново поглавје во проучувањето на начините за лечење. Лековите од иднината би можеле да вклучат молекули кои ќе ги чуваат гените, создавајќи ѕид околу нив, за вирусите да не можат да наштетат.

По ова откритие, постои надеж дека ќе се најдат лекови за сите заболувања предизвикани од вируси кои исто така имаат својство да влијаат на генетско ниво. Начинот на кој мононуклеозата предизвикува здравствени проблеми, може да биде основа за натамошни истражувања со кои ќе се дојде до ефикасни начини на дијагностицирање и лечење и во другите медицински гранки.

А што се однесува на заштитата од овој вирус, за жал, не постои ниту вакцина, ниту каков било лек со кој може да се спречи, а најдобро е да се избегнува бакнување со заразено лице, пиење од иста чаша или користење на иста четка за заби. Но, поради тоа што не можеме секогаш да бидеме сигурни кој е, а кој не е заразен, ризикот постои во секој момент кога ќе размениме бакнеж.

Сепак, не е сè така црно, бидејќи бакнувањето исто така има и големи здравствени придобивки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар