7 работи на кои нè научи пандемијата и кои треба да продолжиме да ги практикуваме

Научивме многу од изолацијата, а некои од тие работи би требало да останат во нашата нова рутина. Веруваме дека повеќето од вас едвај чекаат да се сретнат со пријателите и да излегуваат. Но, признајте дека промените што ги донесе пандемијата со себе, делумно ви одговараат. Можеби го исцрпувавте вашиот јога душек и бевте поорганизирани со купувањето намирници. Овие 7 работи на кои нè научи изолацијата би требало да ги одржуваме во нашата рутина.

7 работи на кои нè научи пандемијата и кои треба да продолжиме да ги практикуваме

Време за себе

Што навистина сакаме да правиме, што нè прави среќни, кои луѓе нè прават среќни, а кои ни го отежнуваат животот? Ова се само некои од прашањата на кои можеме самите да одговориме. Иако можеме да го сториме тоа, ни треба време за себе, медитација, релаксација и моменти во кои само седиме и не правиме ништо.

Вежбање дома

Теретани и тренери – сè отиде во заборав за време на изолацијата. Сепак, многумина конечно имаа време да ги искористат своите јога душеци, тегови и друга опрема за вежбање. Потребно е многу малку за да останете активни и да се чувствувате подобро. Мал простор, видеа за вежбање и желба за промена.

Готвење и здрава исхрана

Ако имаше нешто што постојано се правеше во изолација, тоа беше готвењето. Додека некои додадоа неколку килограми, други почнаа да размислуваат за својата исхрана и подобра организација при купување на намирници. Зошто да не продолжите така и понатаму? Ќе фрлате помалку храна и ќе ја подготвувате попаметно.

7 работи на кои нè научи пандемијата и кои треба да продолжиме да ги практикуваме

Терапевтската моќ на природата

Убаво беше кога сите се соберени заедно на ливадите, шумите и парковите. Зеленилото има неверојатна моќ да го одмори мозокот, а во исто време и да го снабди со дополнителен кислород. Не можете да замислите ниту еден ден без природа? Ве разбираме.

Важноста на пријателството

Од соседи до пријатели од интернет – јасно е дека луѓето станаа поддршка едни на други по многу долго време. Пандемијата нè натера да научиме дека сите сме рамноправни дека се чувствуваме подобро кога си помагаме. Само една реченица за утеха од блиска личност е доволна за да направи да се чувствуваме подобро. Негувајте го пријателството и ценете го.

Работа од дома

Можеби светот ви се вртеше само околу работата, но веруваме дека изолацијата ги постави вашите приоритети. За многумина, работењето од дома отвори сосема нова димензија, така што многу од светските компании воведоа работа од дома како ново правило. Забележаа дека луѓето се покреативни и посреќни, а кој не би сакал такви вработени?

7 работи на кои нè научи пандемијата и кои треба да продолжиме да ги практикуваме

Квалитетно поминато време со децата

Најголемите предизвици со кои се соочуваат родителите е што мораат да најдат нови начини на кои ќе ги забавуваат своите деца. На децата им е тешко да разберат зошто не можат да се дружат со своите пријателчиња. Тие се навикнати на игри во природа и излети, па не ги отстранувајте овие навики дури и во изолација. Бидете креативни!

Можеби ќе ве интересира и што ќе биде со прегратките по завршувањето на пандемијата?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар