Како брзо да се ослободите од херпесот?

Ако страдате од херпес на усните, веројатно знаете дека тоа е непријатен феномен кој не само што влијае на вашиот изглед, туку и боли и предизвикува непријатност.

Како брзо да се ослободите од херпесот?

Меурчињата, чешањето, печењето и пукањето на раните се доволни за да ви го уништат изгледот, но тие се и многу заразни. Сепак, нема потреба да го криете херпесот бидејќи постојат начини да го спречите.

Што ги предизвикува раните од херпес?

Херпесот на усните се мали меурчиња исполнети со течност, што можат да се појават насекаде на лицето. Најчесто се појавуваат на усните и обично се покриени со кора.

Меурчињата се појавуваат кога повторно ќе се разбуди заспаниот вирус херпес и може да се појават ранички кои изгледаат како плускавци. Екстремните температури и ветрот можат да ги дехидрираат и да ги оштетат усните.

Исто така, докажано е дека УВ-светлината го активира вирусот. Покрај тоа, дури и хормоналните промени како менструација или бременост може да бидат причина за честа појава на херпес.

Херпесот може да се појави на усните, кожата околу устата, носот, образот и брадата. Исто така, треба да се напомене дека херпесот на усните понекогаш може да остави пигментација. Обично не остава лузни, но херпесот на усните може да предизвика хиперпигментација ако меурчињата се отворат со триење, агресивно миење, гребење или стискање.

Затоа е важно да се избегне нивното иритирање колку што е можно повеќе.

Како да ги спречите раните од херпес на усните?

Херпесот не може да се излечи. Откако сте биле изложени на вирусот, тој останува во вашето тело цел живот. Иако раните обично исчезнуваат по 10 дена, постојат докажани начини за забрзување на процесот на заздравување.

Кремовите може да се купат во аптеките без рецепт и содржат антивирусна состојка што спречува понатамошно ширење на инфекцијата. Нанесувајте ги нежно за да не ги иритирате раните.

Во однос на ублажување на болката, кремовите што содржат лидокаин, бензокаин и бензил алкохол можат да бидат многу ефикасни во решавањето на непријатните симптоми на херпесот. За да се спречи сушењето и пукањето на меурчињата, кремовите кои содржат каламин, масло и цинк оксид можат ефикасно да ги омекнат и да ги заштитат кожата и усните.

Исто така, фластерите со лек ја ублажуваат болката од раните на усните и штитат од штетните фактори од околината. За кремовите да бидат ефикасни, тие мора да се нанесуваат во раната фаза на воспалението, пред да се појават меурчиња, односно штом почувствувате чешање, болка, пецкање или печење.

Погледнете што откриваат знаците на усните за вашата здравствена состојба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар