Во кој месец се раѓаат најпаметните деца?

Во кој месец се раѓаат најпаметните деца?

Дали месецот во кој сте родени може да има врска со интелигенцијата и со достигнувањата?

Во кој месец се раѓаат најпаметните деца?

Во едно истражување во кое учествувале Универзитетот во Торонто, Универзитетот во Флорида и Универзитетот „Нортвестерн“, бил анализирал когнитивниот развој на 1,2 милиони деца на училишна возраст за да утврди во кој месец се раѓаат најпаметните луѓе.

Учесниците во истражувањето учеле во државни училишта и биле на возраст помеѓу шест и петнаесет години.

Утврдено било дека децата родени во септември имаат повисок просек на оценки од оние родени во текот на другите месеци, што се припишува на фактот дека тие се малку постари кога ќе почнат да одат во училиште.

Според наводите, ова може да влијае на нивниот развој, земајќи го предвид фактот дека тие се постари единаесет месеци од некои свои врсници. Покрај тоа, луѓето родени во август имале најнизок просек, што на некој начин ја потврдува оваа теорија.

Исто така, истражувачите веруваат дека децата родени во септември имаат поголеми шанси да се запишат на универзитет бидејќи нивниот просек може само да се подобри со текот на времето.

Сепак, има добро вести и за луѓето кои не се родени во текот на деветтиот месец од годината. Децата кои не постигнале добри резултати, подоцна ги стигнале своите постари пријатели. Исто така, истражувањето дошло до заклучок дека родените во септември имаат помала веројатност да завршат во затвор.

Прочитајте кои се 7-те опасни пораки во популарните бајки и како да ги заштитите вашите деца од нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар