6 проблеми во врските што дури ни најсилната љубов не може да ги победи

6 проблеми во врските што дури ни најсилната љубов не може да ги победи

Понекогаш во животот доаѓаат ситуации кога разделбата на двајца партнери е неминовна. Причините можат да бидат најразлични, а често се поврзани со недоверба, ненадминливи разлики, криење на проблемите „под тепих“ и нерешавање и премолчување на конфликтите во име на мирот во врската. Ризикот врската да „пукне“ е поврзан со следниве проблеми:

6 проблеми кои ни најсилната љубов не може да ги победи

1. Вие живеете во два различни света

Можеби целосно си одговарате физички или пак, уживате во заедничкото друштво, но тоа не значи и дека мора да бидете на иста бранова должина. Разликите се јавуваат кога доаѓа момент да се размислува за брак и семејство, кога се дава приоритет на кариерата или на пријателите и тоа може да доведе до жестоки караници. Затоа е најдобро овие нешта да се дефинираат на самиот почеток, пред еден од партнерите да има превисоки очекувања од врската.

2. Неспособност да се решаваат проблемите

За да бидете со некого во сериозна врска, мора и да му бидете поддршка во тешките и стресните моменти. Ризикот постои и кај новите парови, но и кај оние кои веќе заедно надминале претходни проблеми. Понекогаш се случува, едноставно, едниот партнер веќе да нема слух и разбирање за другиот. Квалитетот на врската го дефинираат токму тешките моменти и доколку не успевате да се снајдете во тоа, врската е пред распаѓање.

3. Разлика во годините

Иако во најголем дел од врските годините не значат ништо кога е љубовта во прашање, може да се случи и токму поради возраста, интересите на партнерите да се премногу различни. А разликите во ставовите и интересите и последиците од нив веќе ги дефиниравме во првата точка.

6 проблеми кои ни најсилната љубов не може да ги победи

4. Недостаток на доверба

Недовербата е еден од најголемите непријатели на љубовта и кога таа постои, врската веќе е на стаклени нозе. Може да се појави доколку партнерот го фатиме во лага или доколку едниот изневери или на некој друг начин го повреди другиот. Едно е сигурно, еднаш срушена доверба многу тешко закрепнува.

5. Различни идеи за поминување на слободното време

Едниот партнер сака да излезе, а другиот да остане дома? Едниот има желба за големо патување, а на другиот му е доволно да излезе до најблискиот маркет? Во вакви ситуации едниот ќе најде начин да го пополни своето време со пријателите, а другиот ќе си пронајде круг на луѓе со слични интереси. Во првите фази на врската лесно е да се воспостават компромиси, но како што поминува времето, многу е веројатно дека компромисите ќе се претворат во исполнување на желбите само на едниот од партнерите, на сметка на трпението на другиот.

6. Едноставно, сте избрале погрешна личност

Колку и да е тоа брутално, може да се случи едно утро да се разбудите покрај партнерот и да сфатите дека тоа не е личноста со која сакате да продолжите понатаму во животот. Иако имате слични навики, очекувања и ставови, ако постои она чувство кое укажува дека овој партнер не е вистинскиот, тогаш соберете храброст и признајте си најпрво себе, а потоа и на другиот. Можеби ќе го повредите, но понатаму во животот ќе бидете благодарни што сето тоа се случило пред да стапите во брак или да станете родители.

Потсетете се и зошто сексот по раскинување не е добра идеја.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар