5 археолошки откритија што би требало да ги очекуваме во 2019-та година

Нови 1.400 плочи од изгубен град во Ирак. Нови докази за огромната празнина во Големата пирамида. Откритието на ориентално декорираното јајце што му припаѓало на руското кралско семејство. Ова се само некои од неверојатните археолошки откритија што можеби ќе имаме среќа да ги видиме оваа година.

1. Празнина во Големата пирамида

5 археолошки откритија што би требало да ги очекуваме во 2019-та година

Оваа година можеме да очекуваме повеќе информации за големата празнина откриена над големата галерија во Големата пирамида во Гиза – ходникот што води до саркофагот на фараонот Куфу. Празнината е долга над 30 метри. Археолозите го забележале празниот простор уште во 2017-та година, но нејасно е дали просторот е затворен дел што се градел, скриена гробница или неколку помали простории.

Празнината е откриена со помош на честички познати како миони. Мионите се формираат кога космичките зраци доаѓаат во контакт со горната атмосфера на Земјата и можат да патуваат низ камен. Моментално се прават уште вакви тестови со надеж дека ќе се открие што навистина се крие во празнината. Резултатите најверојатно ќе ги видиме оваа година.

2. Нова пештера во близина на Кумран

5 археолошки откритија што би требало да ги очекуваме во 2019-та година

Во 2019-та година можеме да го очекуваме откривањето на нова пештера во близина на Кумран, местото каде што биле закопани свитоците од Мртвото море. Овие свитоци се состојат од фрагменти од 900 текстови и биле откриени во 12 пештери. И во 2017-та и во 2018-та година се открија многу ограбени пештери во кои има докази дека ги „чувале“ свитоците во минатото. Голема е веројатноста ваква пештера да се открие и оваа година.

Археолозите неколку години работат во оваа област како дел од проект кој има за цел да открие и да истражува пештери во Јудејската Пустина што можеби содржат артефакти.

3. Голем број плочи од изгубен град во Ирак

5 археолошки откритија што би требало да ги очекуваме во 2019-та година

Можеби оваа година ќе се појават 1.400 плочи од изгубениот град Ирисагриг во Ирак. Ќе бидат истакнати во приватна колекција чиј сопственик сака да остане анонимен. Изминативе две децении на пазарот за антиквитети се појавувале многу плочи од овој град. Додека ограбувачите го знаат местото на градот, локацијата им е непозната на археолозите. Можеби новите плочи ќе им помогнат да го најдат.

4. Изгубените велигденски јајца на царевите

5 археолошки откритија што би требало да ги очекуваме во 2019-та година

Помеѓу 1885-та и 1916-та година, компанијата Фаберже направила околу 50 ориентално украсени велигденски јајца за руското кралско семејство. По Руската Револуција во 1917-та година, некои од овие јајца исчезнале. Во 2017-та година се откри постоењето на документ кој е доказ за пренесувањето на голема залиха уметнички дела и антиквитети од Советскиот Сојуз и Турција во Њу Орлеанс. Додека документите не кажуваат што точно се испорачало, можно е овде да се наоѓаат познатите велигденски јајца. Постојат гласини дека некои од нив завршиле во приватни колекции.

5. Папирусот на Куфу

5 археолошки откритија што би требало да ги очекуваме во 2019-та година

Во 2013-та година, археолозите кои работеле на локалитетот Вади ал-Џарф покрај Црвеното Море, откриле папирус кој датира пред околу 4.500 години, односно во периодот на владеењето на Куфу. Испитувањата покажале дека папирусот е бележник на инспектор по име Мерер, кој водел тим чија цел била помагањето во конструкцијата на Големата пирамида и други градежни проекти низ Египет.

Засега е дешифриран само дел од бележникот, а добиените информации укажуваат на древно пристаниште лоцирано во близина на Големата пирамида, како и на движењето на варовникот кон пирамидата. Во 2019-та можеби ќе дознаеме нешто повеќе од анализите кои сè уште траат.

Дали знаете кои се најстарите артефакти во светот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар