7 најдобри подароци кои некои личности ги добиле од своите блиски

Подароците што луѓето ги сметаат за „најдобри“ не се најскапи, туку се подароци преку кои саканиот им покажува колку се навистина ценети и сакани. Ваквите подароци уште покажуваат и колку вистински ја познаваме личноста на која нешто ѝ подаруваме.

7 најдобри подароци кои некои личности ги добиле од своите блиски

Еве неколку од вистинските приказни кои луѓето ги споделиле на Интернет, за подароците што им оставиле најголем впечаток.

1. „Мојот сопруг ми приреди забава со која тотално ме изненади. Тој ги покани сите мои пријатели и семејство, избра место каде што знаеше дека сакам да бидам и се грижеше за целата логистика за да можам да уживам во забавата. И навистина беше така. Затоа толку ми значи овој подарок-изненадување.“ – вели Ненси, 34 години.

2. „Му кажав на партнерот дека кога бев тинејџерка сонував да одам на концертот на „Џингл Бел“ во Њујорк. Сите мои пријатели отидоа, а моите родители не ме пуштија затоа што беа многу строги. Тоа беше само безначаен настан кој случајно му го споменав на сопругот, но за Божиќ тој ми донесе маица „Џинг Бел“ и тоа беше најпромислениот подарок што некогаш сум го добила.“ – вели Моли, 31 години.

3. „Кога сè уште живеев со моите родители, пред да купам свој стан, излегував со момче кое на ѕидот од спалната соба имаше мапа со скриено богатство што многу ја сакав. Си ветив дека кога конечно ќе купам стан, сакав да имам таква голема мапа. Кога конечно го си купив стан, моите родители на вселувањето ми донесоа мапа. Никогаш нема да го заборавам тој подарок, затоа што сметам дека е неверојатен. “ – вели Трејси, 29 години.

4. „Мојот сопруг за Нова година ми подари кутија со алати за поправки низ домот. Сега сама можам да се справам со проблемите во куќата.“ – вели Роза, 50 години.

5. „Кога повторно се смирив со моето момче, тоа ми го подари ланчето што го продадов кога раскинавме. Тоа ѝ даде нова димензија на нашата врска. “ – вели Асија, 27 години.

6.„Кога започнав да работам од дома, му реков на мојот сопруг дека сè што ми треба, за да ја комплетирам сликата за работата од дома, е комбинезон. За мојот роденден тој ме изненади токму со комбинезон. Го носам скоро секој ден и не ми се верува дека се сети да ми го купи.“ – вели Клер, 33 години.

7. „Моето момче ми подари модел играчка од мојот автомобил од соништата. Тоа е само мала, пластична работа, но тој со количката ми испрати и картичка во која вели:„ Со нетрпение очекувам да се возам со тебе во иднина.“ и тоа го направи подарокот уште посладок.“ – вели Тејлор, 23 години.

Можеби сакате да дознаете и кои се 10-те најлоши подароци за Нова година и Божиќ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар