26-годишна жена ги руши стандардите за убавина со нејзиниот необичен изглед
„Потсетете го светот дека сите се убави.“
Ова се зборовите на Илка Брул, 26-годишна жена од Германија чија цел е да шири позитивност и да инспирира споделувајќи ја нејзината приказна.

Од денот кога била родена, Илка имала проблематичен живот.
„Бев родена со расцеп на лицето и дишните канали на носот не ми беа правилно формирани. Покрај тоа ми недостигаше десниот канал за солзи, па постојано ми течеа солзи од десното око.“

Денес, по безброј операции, Илка е силна жена полна со самодоверба и ја споделува нејзината приказна. Таа се надева дека ќе ги охрабри луѓето да се сакаат себеси. Пред 2 години почнала да позира за некој нејзин пријател фотограф.

„Имаше многу позитивни коментари, па собрав храброст почесто да се покажувам онаква каква што сум. Чиста и непроменета.“

Продолжува на следната страница…





























