Прочитајте ги овие цитати доколку сè ви се чини безнадежно и со нови сили продолжете напред!

Прочитајте ги овие цитати доколку сè ви се чини безнадежно и со нови сили продолжете напред!

Животот е премногу краток за да ви помине во жалење или лутина. Научете да се смеете со целото битие, да уживате во она што го имате и да сфатите дека секој момент трае многу малку и не може да се врати.

Прочитајте ги овие цитати доколку сè ви се чини безнадежно и со нови сили продолжете напред!

Среќата доаѓа одвнатре, но често ви треба потсетник за да ја видите поголемата слика и да сфатите дека ситуацијата во која се наоѓате сега е само привремена фаза на патот што ви претстои. Ако е пријатен момент, уживајте во него, ако, пак, наидете на пречка, прилагодете се на околностите и дознајте што можете да научите од тоа, па продолжете понатаму.
Овие цитати можат да ви помогнат да ја вратите надежта дури и кога сметате дека сè се чини безнадежно:

„Можеби поминувате низ тешки времиња, но таков е животот. Откријте ја позитивната страна на сето она што ви се случува.” – Џоел Остин

„Кога имав 5 години, мајка ми ми рече дека среќата е најважна работа во животот. Кога тргнав на училиште, наставниците ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам, а јас реков дека сакам да бидам среќен. Ми рекоа дека не ја разбирам задачата, а јас им реков дека не го разбираат животот.“ – Џон Ленон

„Научете да уживате во секоја минута од животот. Бидете среќни сега. Не чекајте да се случи нешто за да ве направи среќни некогаш во иднина. Размислете колку е драгоцено времето што го имате, без разлика дали го користите за работа или му го посветувате на семејството. Најдете нешто убаво во секоја минута од вашиот живот.“ – Ерл Најтингел

„Останете верни на себе, но секогаш бидете спремни да научите нешто ново. Работете напорно и никогаш не заборавајте ги вашите соништа, дури и ако никој не верува дека некогаш ќе ги постигнете работите за кои сонувате. Обидете се да останете на вистинскиот пат.“ – Филип Свит

„Насмевката е еден од најкорисните лекови. Ако имате смисла за хумор и гледате позитивно на животот, сè околу вас ќе стане убаво.“ – Рашида Џонс

„Бидете оптимисти и благодарни и ќе имате исполнет живот.“ – Џоел Остин

„Не можеме да контролираме сè што ни се случува, но имаме контрола врз тоа како реагираме. Некои пречки ќе се манифестираат како проблеми или притисоци кои ќе предизвикаат страдање, а други ќе се појават како тешки испити.” – Лајонел Кендрик

„Почнувајќи од денес, третирајте ги сите што ќе ги сретнете како да можат да умрат до полноќ. Покажете им грижа, љубезност, сочувство и разбирање и направете го тоа без да очекувате нешто за возврат. Вашиот живот никогаш повеќе нема да биде ист.“ – Ог Мандино

„Ја сакам мојата сопруга и знам дека и таа ме сака мене. Ние сме најдобри пријатели и имавме среќа да се запознаеме. Се чувствувам благословен што ја имам покрај себе бидејќи сфатив дека не сите успеваат во ова.” – Хари Коник

Откако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 9 цитати кои ќе направат да се чувствувате непобедливо.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар