25-те најубави панорами во светот

Луѓето отсекогаш се обидувале да градат што е можно повисоки градби. Понекогаш причината е ограничениот хоризонтален простор, но најчесто мотивацијата е егото. Во текот на минатиот век највисоките згради во светот се менуваа неколку пати, а градовите постојано се обидуваат да се надминат едни со други. Па, погледнете кои се најубавите панорами во светот.

1. Дубаи, Обединети арапски емирати

25-те најубави панорами во светот

Ќе помислите дека станува збор за илузија кога ќе ја здогледате модерната архитектура што никнува од пустината. Панорамата на Дубаи е една од најмладите и најуникатните.

2. Шангај, Кина

25-те најубави панорами во светот

Заедно со кинеската економија се развива и најголемиот кинески град, а неговата панорама го докажува тоа.

3. Куала Лумпур, Малезија

25-те најубави панорами во светот

Можеби не е најгустата панорама, но има неколку рекорди, вклучувајќи ги највисоките згради близначки.

4. Франкфурт, Германија

25-те најубави панорами во светот

За разлика од другите европски градови, Франкфурт умешно ја комбинира старата и модерната архитектура.

5. Тајпеј, Тајван

25-те најубави панорами во светот

Овде ќе ја видите втората највисока зграда во светот, Тајпеј 101.

6. Бостон, САД

25-те најубави панорами во светот

Оддалеку луѓето често ја игнорираат панорамата на Бостон бидејќи нема високи облакодери. Но, ова е еден од најстарите градови во Америка и вреди да се најде на листата.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар