Дали науката откри како навистина изгледал Исус?

Дали науката откри како навистина изгледал Исус?

Ако прашате 100 луѓе на улица како мислат дека изгледал Исус, повеќето ќе ви го дадат истиот одговор – висок, со светла кожа, долга коса и добро одржувана брада. Но, ова не е вистина.

Дали науката откри како навистина изгледал Исус?

Користејќи методи слични на оние што ги користи полицијата за решавање убиства, британските научници со помош од израелски археолози го создале досега најпрецизното лице на најпознатата личност во историјата.

Телото наспроти доказите

Како гранка од физичката антропологија, форензичката антропологија користи културни и археолошки податоци, како и физика и биологија за да изучува разни групи луѓе. Експертите во ова поле треба да имаат знаење од генетиката и човековиот раст и развој. Во нивното истражување научниците користеле податоци од приматологијата, палеонтропологијата (проучување на приматите и човечката еволуцијата) и човечката остеологија (наука за скелетот). Дури и навидум далечните научни гранки, како нутриционизмот и адаптацијата на климата имаат улога во ова истражување.

Додека форензичката антропологија обично се користи за криминални дела, Ричард Нив, медицински артист пензиониран од Универзитетот во Манчестер, сфатил дека оваа наука може да ни помогне да откриеме како изгледал Исус.

Ричард и претходно бил замешан во контроверзни области. Во минатите две децении тој реконструирал многу познати лица, вклучувајќи ги и оние на Филип II Македонски и кралот Мида од Фригија. Ако некој знае да создаде прецизен портрет на Исус, тоа би бил Ричард.

Погледнете и како навистина изгледале нашите предци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар