25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

Иако човештвото ги гледа ѕвездите уште од древни времиња, дури неодамна успеавме да направиме некој чекор напред кон разбирањето на вселената. Користејќи математика, телескопи и сателити продолжуваме да учиме за просторот во кој е сместен нашата планета. Сепак, има уште многу што не знаеме и што не можеме да го објасниме. Речиси целиот универзум е полн со мистериозни феномени кои се надвор од нашето разбирање. Па, погледнете 25 чудни работи кои се наоѓаат во вселената за кои сè уште нема објаснување.

1. Експлозии од ѕвезди

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

Кога една ѕвезда експлодира, таа се претвора во супернова. Но мистерија е како се случува ова. Иако астрономите користат компјутерски симулации за подобро да ја разберат механиката, она што се случува во ѕвездата за време на експлозија останува мистерија.

2. Црни дупки

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

За црните дупки знаеме неколку работи. На пример дека имаат толкава маса што дури ни светлината не може да им избега и се производ од уништена ѕвезда. Но постојат многу прашања за кои нема одговор. Како црната дупка ги вшмукува гасот и прашината кои орбитираат околу неа кога всушност не треба да се случи тоа? Иако знаеме дека малите црни дупки се формираат од ѕвезди, научниците не се сигурни како настануваат супермасивните црни дупки.

3. Резервоар на месечината

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

Ловците на НЛО тврдат дека пронашле предмет кој наликува на резервоар на површината на месечината од црно-бела фотографија. Можеби е резервоар, но можеби е само чудно формиран камен.

4. Жешки Јупитери

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

Жешките Јупитери се гасни џинови како Јупитер, но многу пожешки. Тие се движат многу близу до нивните ѕвезди. Бидејќи во нашиот Сончев систем нема ништо слично, научниците сметаат дека се чудна појава. Но овие чудни планети се почести отколку што се мислело. Некои од мистериите се како се формирани и зошто орбитираат толку близу до нивните ѕвезди.

5. Огромна празнина

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

Научниците откриле дел во универзумот кој е наречен „Огромна празнина“. Се протега на растојание од 1,8 милијарди светлосни години и е целосно празен простор без никакви галаксии. Овој простор е оддалечен од Земјата околу 3 милијарди светлосни години, а научниците не се сигурни што навистина е и како останал толку празен.

6. Темна материја

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

Темната материја останува една од најголемите мистерии во вселената. За неа прв пат е направен концепт во 1977 година и се смета дека претставува 27% од универзумот. Веројатно темната материја се наоѓа зад целата невидлива супстанца во вселената.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар