Одберете круна и дознајте една скриена тајна за вашиот живот

Дали некогаш сте се чувствувале како да имате талент што не можете да го идентификувате? Сите ние имаме скриена моќ длабоко во себе и понекогаш ни е потребно мало „поттурнување“ за да пристапиме до неа и конечно да можеме да ја искористиме силата што извира од неа. Одберете една од овие пет круни за да дознаете нешто повеќе за тајните на вашата потсвест, како и за вашите скриени сили. Секоја од овие пет круни има подлабока смисла и може да ви каже нешто за вашите скриени моќи.

Одберете круна и дознајте една скриена тајна за вашиот живот

1. Круната на Афродита

Афродита е грчка божица на љубовта, убавината и сексуалноста. Вие верувате во вистинска љубов и имате позитивни и едноставни погледи кон животот. Големи се шансите дека сте ја одбрале оваа круна поради птицата што се наоѓа на неа, што значи дека ја цените својата слобода. Независноста ви е една од најголеми предности. Скриена сила ви се страста и љубовта.

2. Круната на друидите

Друидите се сметаат за највисоките членови на друштвата во келтската митологија. Оваа круна има келтски јазол што ги претставува самите друиди – личности познати како верски водачи и чувари на мудроста. Тие исто така имале и стабилна врска со нивната заедница, а келтскиот јазол ја претставува и нивната поврзаност со природата. Тој е симбол за природа и хармонија, па затоа и може да се каже дека вие имате желба да бидете едно со природата за да најдете мир и самотија. Скриена сила ви се длабоката мудрост, големата способност и неверојатниот талент.

3. Круната на кралевите

Постои само еден вид личности што одбираат кралска круна, а тоа се оние со високи амбиции. Вие имате големи соништа и намерувате истите да ги остварите. Имате и големи цели и ништо не може да ве сопре да го сторите тоа што сте го замислиле. Знаете точно како да дојдете до самиот крај и работите напорно за да го стигнете дотаму. Сепак понекогаш мора да се потсетите да застанете на кратко, да ги помирисате ружите по патот и да се гордеете со тоа што досега сте го постигнале. Скриена сила ви е длабоката амбиција.

4. Круната на тројните божици

Јазолот на тројството со векови се смета за симбол на божество. Ако сте ја одбрале оваа круна, вие имате натприродни способности и сте многу духовна личност. Често откривате дека вашата интуиција е моќна и ви се чини како да имате силна спиритуална поврзана со целиот свет околу вас. Понекогаш изгледа како да имате и натприродна способност за читање на луѓето. Можеби не знаете да правите вистинска магија, но дефинитивно сте родени под посебна ѕвезда и имате инстинкти за коишто другите само сонуваат. Скриена сила ви е духовната поврзаност со светот.

5. Круната на Ерос

Ерос е грчкиот бог на привлечноста и желбите. Римскиот еквивалент на Ерос е Купидон. Вие ја одбравте круната со срце, јасно укажувајќи на фактот дека љубовта ви е првото нешто на ум. Големи се шансите дека сте во среќна и сериозна љубовна врска, но ако тоа не е така, тогаш очекувајте запознавање со вашата вистинска љубов побрзо одошто мислите. Скриена сила ви се неверојатните романтични способности.

Сакате да направите уште еден ваков тест? Одберете симбол, кликнете на него и добијте спиритуален совет што ќе ви го промени животот!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар