25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети - Part 2

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

7. Марс

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

Марс е дом на секаков вид мистерии. Многу научници веруваат дека Марс имал многу погуста атмосфера со јаглероден диоксид. Но, ако ова е вистина, што се случило со атмосферата? Некои сметаат дека недостатокот од магнетно поле им помогнал на сончевите ветрови да ја „издуваат“ атмосферата. Денешната атмосфера е составена главно од метан, но научниците не знаат од каде потекнува тој. Исто така постои и прашањето за вода и живот на Марс.

8. Големата црвена дамка на Јупитер

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

Постојат многу работи за оваа дамка кои не можат да се објаснат. Додека е познато дека постои 150 години и се движи со брзина од 634 километри на час, научниците не знаат што ја тера да се врти или пак зошто има црвена нијанса.

9. Бели дупки

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

Додека црните дупки собираат сè околу нив и не дозволуваат ништо да излезе, белите дупки можно е да се стари црни дупки кои исфрлаат сè што било во нив. Но, ова е само теорија. Постои и друга теорија според која белите дупки се портал кон разни димензии.

10. Катаклизмични променливи

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

Катаклизмичните променливи се навистина уникатни и чудни настани во вселената. Тие се бели џуџиња кои се наоѓаат во непосредна близина на црвени џинови. Всушност, тие се толку близу едни до други што црвените џинови го собираат целиот гас од белите џуџиња.

11. Големиот привлекувач

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

Првично откриен во 1970-тите, Големиот привлекувач останува мистерија бидејќи се наоѓа во дел наречен „Зона на избегнување“. Зоната на избегнување се наоѓа во средината на галаксијата и има толку многу гас и прашина што не можеме да видиме подалеку од неа. Единствениот начин да се види е со рендгенски зраци и инфрацрвена светлина. Големиот привлекувач е големо јадро од галаксии што нè влече кон него. Научниците не веруваат дека некогаш ќе стигнеме до таму.

12. НЛО забележано од страна на Гордон Купер

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

Гордон Купер е астронаут кој бил испратен на мисија да орбитира околу Земјата. Додека бил во вселената, тој тврдел дека забележал предмет кој светел зелено и кој се приближувал до неговата капсула. Од станицата за следење во Австралија го нашле објектот на радар, но никој не можел да го објасни.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар