Што им е заедничко на луѓето кои живеат подолги и поздрави животи?

Луѓето денес живеат подолго од кога било во историјата на човештвото. Сепак, додека животниот век е продолжен, не значи дека квалитетот на животот го следи овој тренд. Но постои дел од популацијата кој научниците го нарекле „супервозрасни“.

Научниците откриле што им е заедничко на луѓето кои живеат подолги и поздрави животи

Овие мажи и жени иако имаат над 80 години, сепак се когнитивно млади. Ова значи дека нивните мозочни и метални способности се имуни на дегенерацијата која повеќето од нас ја искусуваат со текот на времето. Додека другите полека се движат кон сенилност, меморијата, употребата на јазикот и когнитивните способности на овие луѓе се сосема во ред. Овој факт останува вистинит дури и кога покажуваат биолошки знаци на деменција.

Истражувачите кои држеле говор на Американската асоцијација за достигнување во науката (AAAS) идентификувале одреден неврон кој можеби има влијание на здравјето на мозокот.

„Добро ни оди продолжувањето на животот, но здравјето не го следи ова, а она што го имаат супервозрасните е рамнотежа помеѓу двете – тие живеат долго и живеат добро“, изјавила Емили Рогалски на конференцијата.

Па што ги одделува овие луѓе од обичните? Посмртната анализа на мозокот на 10 супервозрасни открила дека овие луѓе имаат поголема густина на вретените неврони, познати и како вон Економи неврони за разлика од другите. Овие неврони се мозочни клетки кои во главно се наоѓаат во предниот цингуларен кортекс. Овој дел од мозокот се верува дека е клучен за сите работи поврзани со меморијата.

Интересно е што супервозрасните имале поголема концентрација на овие неврони дури и од мнозинството на возраст од 50 до 60 години, без разлика што се речиси 2 децении постари.

„Кога ја набљудуваме стапката на когнитивното намалување кај просечните 80-годишници, нивните мозоци се намалуваат речиси 2 и пол пати за разлика од оние на супервозрасните“, изјавила Емили.

Само 5% од луѓето спаѓаат во оваа група. Овие среќници имаат неколку заеднички особини. Истражувањето покажува дека овие луѓе се поотпорни и поотимистички настроени кон животот. Исто така се екстроверти и помалку невротични за разлика од другите.

Тестовите на личност покажале уникатен профил нагласувајќи ги оптимизмот, отпорноста, како и активниот живот. Позитивните социјални врски, читањето и патувањето исто така им биле заеднички особини.

Друго интересно откритие е тоа што овие луѓе не се „луди“ по здравиот начин на живот. Истражувањето на Емили покажало дека 71% од нив биле пушачи, додека 83% редовно уживале во пиењето.

„Ги прашувавме зошто мислат дека се супервозрасни, како стигнале овде и имаше неколку интересни дами кои одговорија дека причината е тоа што секој ден во 5 часот пиеле мартини со пријателите. Но, некои од нив никогаш не ни пиеле алкохол“, додала Емили.

Погледнете ги и овие совети за долг и среќен живот.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар