Како да живеете долг и среќен живот?

Животот не доаѓа со упатства и инструкции и нема точно проверени методи кои загарантирано ќе ви го продолжат животниот век. Но, постојат одредени совети кои се резултати од многу истражувања, и кои би ни помогнале да си го подобриме животот во некои аспекти.

Како да живеете долг и среќен живот?

Храна и пијалаци

Алкохол – Не откажувајте се од алкохолот, напијте се по некоја чашка. Оние кои пијат умерено имаат помал ризик од заболување отколку оние кои не пијат воопшто. Алкохолот има и благодетни дејства. Не заборавајте дека сè е добро во умерени количини, многу подобро отколку целосна апстиненција.

Ризикот за смртност кај оние кои умерено пијат алкохол изнесува 45%, додека пак кај оние кои не пијат воопшто е 51%.

Кафе – Редовно пијте кафе. Многу истражувања покажале дека кафето може да ги заштити жените од многу болести.

Како да живеете долг и среќен живот?

Кај жените кои пијат 2-3 шолји кафе на ден, ризикот за заболување од срцева болест е намален за 25%.

Чоколадо – Мислевте дека клучот до подобро здравје е откажувањето од слатките задоволства?

Оние кои умерено јадат чоколадо, живеат подолго од оние кои го јадат премногу често, но и од оние кои не јадат воопшто или консумираат премногу ретко.

Лук – Не откажувајте се од лукот, има многу здравствени придобивки.

Го намалува крвниот притисок, ја подобрува циркулацијата, го зајакнува имунолошкиот систем, помага да се регулира нивото на шеќер во крвта… тоа се супермоќите на лукот.

Важните и големи нешта во животот

Сакајте ја вашата мајка – Оние кои се блиски со своите мајки, имаат значително помал ризик од болести.

Како да живеете долг и среќен живот?

Истражувањата покажале дека дури 91% од луѓето кои не биле блиски со своите мајки, заболеле од некоја сериозна болест во текот на средовечните години од својот живот, додека тоа се случило кај 45% од оние кои имале близок однос со својата мајка.

Почнете да учите подоцна – Колку и да ви звучи неодговорно, школото може да почека. Децата кои се форсирани да започнат со формално образование на многу рана возраст имаат поголем ризик за појава на болест подоцна во животот.

Започнувањето со формално образование пред шестата година е ризичен фактор за болести.

Одберете го/ја вистинскиот/ата – Многу е важно да имате некого покрај себе, но уште поважно е внимателно да ја изберете таа личност. Со сопругот/ата, ќе донесувате важни одлуки во животот и ќе бидете заедно во среќни, но и во тешки моменти. Одбирањето на вистинската личност за вас е клучно за вашата среќа и благодет во животот.

Како да живеете долг и среќен живот?

Долгиот живот е всушност наследен. Со одбирањето сопруг чии баба и дедо се сè уште живи, или живееле долго, голема е можноста и вашите деца да живеат подолго.

Ракувајте се цврсто – Колку цврсто можете да стегнете тупаница? Луѓето со поголеми физички способности живеат подолго.

Во една група каде се спровело истражувањето, оние кои се ракувале со помала јачина имале поголем ризик од смртност.

Живејте во село или во помало населено место – напуштете ја градската џунгла. Според едно истражување, луѓето кои живеат во рурални средини во просек живеат подолго отколку луѓето кои живеат во големите градови.

Просечниот животен век на жителите на Манчестер е 76 години, додека на жителите на Сомерсет е 84 години.

Чувајте домашно милениче – Грижата за домашното милениче го намалува чувството на осаменост и депресија. Исто така, ја поттикнува смеата и ве тера почесто да се движите. Истражувањата покажале дека имањето домашно милениче влијае многу на здравјето на срцето.

Како да живеете долг и среќен живот?

Преживувањето срцев удар е за 12% поверојатно кај луѓето кои имаат домашно милениче, отколку кај оние кои немаат.

Секојдневен живот

Бидете позитивни – Луѓето кои гледаат позитивно на нештата имаат помало ниво на стрес и полесно се справуваат со предизвиците.

Оптимистите во просек живеат 12 години подолго отколку песимистите.

Слушајте го вашиот стоматолог – Нехигиената на вашите заби е поврзана со сериозни болести кои би се појавиле подоцна во животот, вклучувајќи ги и срцевите заболувања.

Бактерија која живее во усната шуплина, може да предизвика отекување на артериите и води до поголем ризик од срцеви заболувања.

Медитирајте – Ослободете ги вашите мисли. Медитацијата има голема исцелителна моќ и значително го намалува стресот кој е причина за многу болести.

15-минутно медитирање, повеќе ги ослободува мислите отколку еден час цврсто спиење.

Внесете зеленило во вашиот дом – Декорирајте го домот и канцеларијата со растенија. Освен што дава подобар изглед на просторијата, носи и здравствени придобивки.

Како да живеете долг и среќен живот?

Загаденоста во внатрешните простории предизвикува повеќе од 1,6 милиони смртни случаи годишно.

Не седете долго – Да, седењето може да ве убие. Луѓето во просек би требало да прават околу 10.000 чекори секој ден. Оние кои се движат помалку, сериозно си го нарушуваат здравјето.

Луѓето кои седат 4 часа дневно, во текот на своето слободно време, имаат за 50% поголем ризик од смрт отколку оние кои седат помалку од два часа.

Опуштете се – Ослободувањето од стресот е важен чекор во живеењето долг и среќен живот. Лутината е поврзана со висок крвен притисок и може да го зголеми ризикот за одредени заболувања.

Оние со високо ниво на стрес имаат трипати поголем ризик да развијат срцева болест и за шест пати поголема веројатност да доживеат срцев удар до 55-та година од животот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар