14 топли дестинации за вашиот следен одмор

Лето. Врело сонце, темен тен, сол која се рони од вашето тело… звучи како совршена летна идила нели? А зборовите „релаксација“ и „одмор“ се токму оние што го опишуваат летото. Тоа е она што ви треба. Малку авантура помешана со егзотика и непознати предели, необична храна и интересни места – тоа е она што сакате да го правите и видите ова лето. Почнавте да штедите пари за летен одмор, но немате идеја каде да одите? Затоа ви подготвивме 14 егзотични места кои сигурно ќе ве заскокоткаат и ќе ве натераат да ги посетите.

0-14-topli-destinacii-za-vasiot-sleden-odmor-kafepauza.mk

1. Бали, Индонезија

На ова егзотично место ќе успеете да се релаксирате, доживувајќи барем дел од магијата на Индонезија. Ова место звучи по малку зафрлено, но оние коишто биле знаат дека Бали, иако добро сокриено, има неодолив шарм и скриена убавина. Од луксузни хотели и јога одморалишта, до минималистички хотели со бутици, ова местенце успева да задоволи сечиј вкус. Кута, како најпознат град по сурфањето и богатиот ноќен живот, ќе вметне возбуда во вашиот живот. Покрај тоа ќе искусите неодолива храна, интересни пијалаци и убаво време.

Наш предлог: Пробајте борење во кал во Зеленото училиште или ако не сакате да се валкате, во недела упатете се кон локалниот неделен час по играње каде што секој се движи онака како што сака. Многу релаксација, пријатни луѓе и музика. Што друго ви е потребно?

2. Барселона, Шпанија

Ова живо приморско место веднаш ќе ве освои со сончевото временце и интересната култура. Иако има тешка клима после јуни, доволно е пријатно за разгледување на градот. Но, Барселона ќе успее да ве фасцинира и со интересните градби, богатата шпанска култура и традиционалната храна, толку вкусна што засекогаш ќе ви остане врежана во сеќавањето.

Наш предлог: За време на летната жега посетете ја Коста Брава или Калела де Палафругел за да се оладите малку и да уживате во неверојатната архитектура.

1-14-topli-destinacii-za-vasiot-sleden-odmor-kafepauza.mk

3. Белизе

Лоцирана на брегот во Средна Америка, оваа мала државичка ќе ви донесе едно поинакво доживување во вашиот живот. Тропскиот рај содржан во кристално бистрата, бисерно чистата азурна вода и плажите исполнети со бел песок ќе ве натераат веднаш да ги спакувате куферите за ова необично и возбудливо место. А неподносливата топлина ќе ја совладате со вкусните ракчиња и локалниот рум.

Наш предлог: Обидете се да ги истражите морските длабочини или да научите да сурфате. Секако, што и да правите на ова фамозно место никогаш нема да ви биде здодевно.

4. Кејптаун, Јужна Африка

Кејптаун е второто најпопуларно и најнаселено место во Јужна Африка, веднаш зад Јоханесбург. Овој магичен град веднаш ќе ве освои со убавата инфраструктура, многуте шопинг центри и прекрасните туристички атракции. Поради уникатната географска положба, возможно е да посетите повеќе плажи во еден ден. А секоја се карактеризира со различна атмосфера и различни карактеристики. Иако дијапазонот на водата варира од ладна до млака, разликите на двете страни од овој град се големи.

Наш предлог: Посетете ги плажите во Клифтон и ботаничките градини Кирстенбош кои претставуваат едно од најпосетуваните туристички атракции.

5. Дубровник, Хрватска

Овој град во Хрватска претставен преку прекрасната балканска архитектура претставува одлична дестинација за вашиот следен одмор. Малите ритчиња, скриените пештери и чистата морска вода го прават Дубровник да биде најдобрата дестинација за летен одмор. Нудејќи убави хотели и пријатни одморалишта, овој балкански град веќе стана омилен помеѓу Европејците, а полека ги освојува и Американците.

Наш предлог: Посетете го замокот Минчета или кое било од островчињата како Ловриенац, Локрум и Корчула.

2-14-topli-destinacii-za-vasiot-sleden-odmor-kafepauza.mk

6. Доминиканска Република

Со одлична локација на Карибите, Доминиканската Република нуди оаза од блескави плажи и неверојатни одморалишта. Пуерто Плата и Пунта Кана се одлични за оние коишто сакаат да се здобијат со чоколаден тен. Богатата култура и топлите температури пријатно ќе ве изненадат, а топлината на Доминиканците веднаш ќе ве освои.

Наш предлог: Пробајте некое национално јадење како Бониато (Батата фрита) што се всушност слатки компири приготвени на доминикански начин или Хабичуелас кон дулсе. Овој сладок деликатес од полека варен грав, сладок компир, кокос и шеќер ќе ви ја задоволи желбата за благо.

7. Гватемала

Гватемала е пријателско и необично место за туристи кое нуди широк дијапазон на клими, карактеристични за високите планини, па сè до топлите песочни плажи. Пејзажите ќе ви го одземат здивот, а пешачењето ќе ви го поттикне авантуризмот. Еден од интересните факти за ова место е тоа што одредена храна се јаде во одредени денови.

Наш предлог: Одете на пристаништето од реката Дулсе. Оваа дестинација е совршена за сите едриличари и плус поминува низ истоимениот национален парк.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар