13 фотографии кои го прикажуваат лошото влијание на луѓето врз Земјата

2017-тата година беше најжешката во историјата на метеоролошките мерења во последните 150 години. Покрај тоа, некои научници веруваат дека Европа и САД наскоро ќе бидат покриени со вечен мраз. Можеби не знаеме колку се точни претпоставките на научниците, но со сигурност знаеме дека одамна не ѝ правиме добро на планетата.

Експертите го дефинираат „променливото расположение“ на планетата како нервна клима. Главната причина за нетипичното однесување е затоплувањето на Арктикот што предизвикува исчезнување на мразот на Гренланд. Денес ова се случува 2 пати побрзо за разлика од пред 10 години. На следната листа се наоѓаат последните „лоши расположенија“ на Земјата за кои се виновни само луѓето.

1. Абнормална топлина

13 фотографии кои го прикажуваат лошото влијание на луѓето врз Земјата

Температурата во Аризона достигнала 48 степени Целзиусови, а во Кувајт 54 степени Целзиусови. Поради влијанието на хемиските соединенија од антропогено потекло, озонскиот слој на нашата планета се „руши“. Не само што овој слој го чува кислородот на Земјата, тој нè штити и од штетното ултравиолетово зрачење. Поради ова метеоролозите постојано забележуваат абнормално покачување на температурите.

2. Абнормален студ на места каде што тоа не е вообичаено

13 фотографии кои го прикажуваат лошото влијание на луѓето врз Земјата

Целиот свет ги има видено фотографиите од алигаторите коишто хибернираат во мраз, како и игуаните кои се во состојба на анабиоза. Додека алигаторите се прилагодуваат на вакви драматични промени на температурата, игуаните не се отпорни на студ, па ниските температури за нив значат смрт.

3. Во Сахара врне снег 3 години по ред

13 фотографии кои го прикажуваат лошото влијание на луѓето врз Земјата

Изгледа дека човештвото наскоро ќе се навикне на овој феномен кој за жал, не е нормален.

4. Сибирски тигар излегол од шумата во потрага по храна

13 фотографии кои го прикажуваат лошото влијание на луѓето врз Земјата

Поради нелегалното ловење, овие тигри почнале да излегуваат на патот надевајќи се дека луѓето ќе им дадат храна. Тигрите не се единствените животни што го прават ова. Многу други прегладнети диви животни мораат да се прилагодат на овие нови услови на живеење. За жал, уништувањето на шумите и истребувањето на видовите е уште еден глобален проблем којшто му се заканува на нашиот свет.

5. Сечење на тропските шуми во Бразил

13 фотографии кои го прикажуваат лошото влијание на луѓето врз Земјата

Ако немањето површина за агрикултура се надоместува со сечење на шумите, наскоро ќе немаме ниту една. Доколку човештвото продолжи со ова темпо, сите шуми ќе бидат уништени до 2040-та година.

6. Билборд се „дави“ во смог

13 фотографии кои го прикажуваат лошото влијание на луѓето врз Земјата

Оваа фотографија е направена во Кина. Поради забрзаниот индустриски развој, 85% од луѓето на планетата дишат загаден воздух.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар