Што би се случило ако...? Дознајте ги одговорите на овие 10 апсурдни хипотетички прашања

Што би се случило ако…? Дознајте ги одговорите на овие 10 апсурдни хипотетички прашања

Алберт Ајнштајн има кажано дека е исклучително важно никогаш да не престанеме да се прашуваме и да го истражуваме светот околу нас. Љубопитноста кај човекот постои со цел да продолжиме да учиме во текот на целиот живот, и по завршувањето на образованието, зашто само така можеме да продолжиме да растеме и да се развиваме. Меѓутоа постојат и чудни прашања коишто ни е незгодно да ги поставиме, а често се прашуваме за нив во себе, но токму тие се и најинтересните за откривање. Во продолжение, прочитајте ги овие 10 апсурдни хипотетички прашања и дознајте ги нивните сериозни, научни одговори. Ви ветуваме дека добро ќе се забавувате!

1. Што би се случило доколку на Земјата снема кислород во времетраење од 5 секунди?

Што би се случило ако...? Дознајте ги одговорите на овие 10 апсурдни хипотетички прашања

  • Сите луѓе коишто во тој момент ќе бидат изложени на директна сончева светлина, инстантно ќе добијат изгореници на кожата. Тоа ќе се случи бидејќи кислородот којшто го има во воздухот постојано ја штити нашата кожа од штетните УВ-зраци.
  • Дури и дневното небо ќе стане темно. Во овој случај, ќе има помалку честички во атмосферата коишто ќе ја распрснуваат сината светлина, па како резултат на тоа небото ќе ја промени својата боја во речиси црна.
  • На сите ќе им експлодира внатрешното уво. Ова може да се објасни со фактот дека само додека трепнеме со очите, Земјата ќе изгуби околу 21% од својот воздушен притисок.
  • Сите згради коишто се направени од бетон, би се претвориле во прашина. Кислородот е важен врзувач во бетонските конструкции, па без него тие веднаш би ја изгубиле својата цврстина.
  • Океаните би испариле, бидејќи водата е сочинета од 1/3 кислород. Без кислород, водородот ќе се претвори во гасовита состојба и ќе се прошири во волумен.

2. Што ќе се случи доколку ја отворите вратата од авионот во текот на летот?

Што би се случило ако...? Дознајте ги одговорите на овие 10 апсурдни хипотетички прашања

Ова е дефинитивно најлошата работа што можете да ја искусите додека летате со авион. Сите патници коишто седат блиску до излезот, ќе бидат исфрлени кон небесната ширина. Температурата во авионот ќе почне драстично да опаѓа, а самиот авион може да почне да се распаѓа. За да го спасите вашиот живот, на располагање би имале само 15-20 секунди за да ја ставите вашата маска за кислород, но дури и да успеете да го направите тоа, вашите шанси за преживување би биле многу мали.

Како и да е, не треба да стравувате од вакво нешто, бидејќи оваа ситуација е целосно хипотетичка. Не постои начин да ја отворите вратата од авионот, освен ако немате натчовечка сила. Ова е така, бидејќи воздушниот притисок ќе ве попречи да направите таква грешка. На таа височина, внатрешноста на авионот е под притисок од 0,7 или 0,8 атмосфери, што е еквивалентно на 5-5,4 кг сила, на површина од 6,4 сантиметри квадратни. Токму затоа, најлошото нешто што може да се случи ако се обидувате да ја отворите вратата од авионот, е да бидете уапсени веднаш штом ќе слета авионот.

3. Што ќе се случи ако Месечината одненадеж исчезне?

Што би се случило ако...? Дознајте ги одговорите на овие 10 апсурдни хипотетички прашања

  • Ноќите ќе бидат значително помрачни, бидејќи Месечината значително го осветлува вечерното небо.
  • Многу животни ќе бидат збунети поради ненадејното отсуство на Месечината. Истражувањата потврдуваат дека бувовите и лавовите се потпираат на мракот и месечевата светлина за да можат ефикасно да ловат.
  • Месечината е многу блиску до нас, па повлекувањето од нејзиното тежиште ќе влијае врз нашата планета. Без Месечината, плимата и осеката ќе се креваат и опаѓаат со многу побавно темпо и ќе бидат 60% помали одошто се сега.
  • Поради гравитациското повлекување, јадрото на нашата планета може малку да се помести. Ова може да предизвика голем број природни катастрофи, како што се земјотресите и вулканските ерупции.

Продолжете со читање на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар