Како се однесувате на домашна забава, според вашиот хороскопски знак?

Како се однесувате на домашна забава, според вашиот хороскопски знак?

За една забава да помине беспрекорно добро, потребно е на неа да присуствуваат различни типови карактери. Потребен е некој што на сите ќе им дотура пијалак во чашите, друг којшто ќе откачи играјќи на подиумот, трет којшто ќе прави емотивни и длабоки разговори, со цел да се зближи со луѓето и некој што ќе остане до самиот крај, осигурувајќи се дека целиот неред е расчистен и за сите присутни има безбеден превоз до дома. Колективната енергија од сите хороскопски знаци ќе овозможи комплетна забава на којашто ќе има од сè по малку: диво однесување, драма, сочувство, поддршка и сексапил. Прочитајте како вашиот знак се однесува на домашна забава и дознајте на кој начин вие придонесувате во овој микс.

Како се однесувате на домашна забава, според вашиот хороскопски знак?

Овен

Вие сте како силна молња којашто ја снабдува забавата со енергија. Уште од моментот кога ќе влезете во просторијата, почнувате на сите да им кажувате да си земат пијачка. Вашиот природен натпреварувачки дух е присутен дури и на домашните журки. Ако некој предложи да играте некоја игра што вклучува пиење алкохол, вие веднаш ќе се согласите. Ќе победувате во секоја рунда, сѐ додека не заспиете на каучот од премногу испиен алкохол.

Бик

Вие сакате да се чувствувате пријатно додека сте на забава. Наместо да трчате да се запознавате со сите присутни луѓе, на коишто набрзо ќе им ги заборавите имињата, вам ви е сосема доволно да започнете конверзација со само неколку луѓе. Веројатно ќе застанете во некој агол, со фенси ликер во рака и ќе се потрудите ниеден од вашите пријатели да не прави будала од себеси на журката.

Близнаци

Вие сте како волшебник на секоја забава, којшто возбудено летка низ просторот и ги шармира сите околу себе со своите мудри коментари и кокетни разговори. Нервозно си сипувате пијачка за пијачка, а ако претерате со алкохолот, имате тенденција да кажувате работи што не би требало да ги кажете, бидејќи можете да посрамотите некого. Веројатно нема да останете на забавата премногу долго, зашто имате уште три други забави на вечерната агенда.

Рак

На почетокот веројатно ќе се однесувате срамежливо и нема многу да се социјализирате. После неколку пијачки, ќе ги сакате сите присутни луѓе. Познати сте по тоа што често им давате целосно искрени и емотивни комплименти на вашите пријатели. Вие сте чувствителен забавувач и ако одредена ситуација ве погоди директно во срцето, дефинитивно ќе ви биде потребна прегратка.

Лав

Кога ќе пристигнете на забавата, нема човек што нема да ве забележи. Веројатно ќе бидете облечени во раскошна облека, којашто повеќето ќе сметаат дека е премногу гламурозна за таков вид забава, но вие ќе продолжите гордо да блескате. Кога ќе ве „фати“ алкохолот, вие ќе го грабнете микрофонот и ќе почнете да ја пеете вашата омилена песна, и ќе добиете аплауз од сите присутни. Доколку по некоја грешка се случи да не сте во центарот на вниманието, најверојатно ќе предизвикате некаква сцена.

Девица

Ќе се забавувате, но истовремено ќе ги имате сите нешта под контрола. Вие сте од оној тип луѓе коишто проверуваат дали на сите присутни им е полна чашата, дали музиката е одлична, но притоа не е премногу гласна за да не ви повикаат соседите полиција. По завршувањето на забавата, ќе останете да го расчистите нередот и ќе се погрижите за вашите пријатели на коишто им се слошило од премногу алкохол. Сè ќе помине во најдобар ред благодарение на вас.

Вага

Додека сте на забавата, вие ќе се погрижите никој да не се скара или степа. Ако започне некоја драма, вие ќе се вмешате во ситуацијата на дипломатски начин, ќе ја намалите настаната тензија и ќе се осигурите сите да си поминат убаво. Потајно, може и самите вие да сте одговорната личност којашто ја започнала таа драма. Држејќи некој добар коктел во раката, вие сте таму за да ги направите нештата поинтересни.

Скорпија

Реално, право чудо е што воопшто решивте да присуствувате на забавата, бидејќи гужвите најчесто прават да се чувствувате нервозно. Веројатно уште во моментот кога ќе пристигнете ќе се покаете што сте дошле. Како и да е, после неколку пијачки вашата страст ќе започне да расте, па голема е веројатноста да започнете да танцувате со некоја мистериозна секси личност што сте ја запознале таму или ќе започнете жестока дискусија со вашиот бивш партнер, којшто „случајно“ се нашол на истата забава.

Стрелец

Кога сте расположени за журкање, нема нешто што нема да прифатите да правите. Вие сте авантуристи во срце, па домашните забави имаат сè што ви е потребно за да ги задоволите вашите смели фантазии и предизвици. Големи се шансите дека вашите пријатели ќе ви го изгубат трагот уште после само пет минути откако сте пристигнале на забавата. Тие веројатно ќе ве пронајдат дури околу полноќ, како носите смешна капа за журки и се преправате дека сте некој што не сте, зашто сакате да оставите добар впечаток. Тие нема да ве осудуваат, бидејќи знаат кој ви е стилот на забавување.

Јарец

Дури и додека сте на забава, вие оставате впечаток на сериозна и авторитарна личност. Секако, важно е во таква хедонистичка околина да присуствуваат и луѓе како вас, коишто ќе се однесуваат како возрасни. Во текот на вечерта, вие ќе проверувате дали сè е под контрола и дали сите ги следат куќните правила. Воедно, може да почнете да делите неверојатни животни совети на други луѓе, кои се многу попијани од вас. Како и да е, веројатноста е голема дека ќе се чувствувате горди на себе што ја имате улогата на лидер на домашната журка.

Водолија

Вие ќе се врткате низ гужвата и ќе ги охрабрувате сите да пијат повеќе, да танцуваат и да не застануваат ниту една минута. Според вас, домашната журка има многу поголем потенцијал одошто другите сметаат. Вие ќе бидете единствените коишто ќе ги викаат осамените гости да се измешаат со останатите, овозможувајќи им на сите да се поврзат на подлабоко ниво. Вам ви претставува огромно задоволство да формирате нови пријателства помеѓу луѓето.

Риби

За вас, домашните забави се одлична форма за кратко бегство од секојдневието. Благодарни сте што имате шанса да се напиете некоја пијачка и да си дозволите моменти на тотално уживање и релаксација. За разлика од другите хороскопски знаци, вие нема да се обидувате ништо да промените или да држите под контрола, туку целосно ќе ѝ се препуштите на атмосферата. Сепак, после извесно време веројатно ќе се вратите повторно во реалноста со цел да имате длабок разговор со некоја личност, којашто чувствувате дека тотално ве разбира. Но, ако никој не забележува колку сте симпатични, веројатно ќе започнете да се муртите.

Може да ве интересира и како се однесуваат хороскопските знаци кога се поканети на службена забава.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар