10 работни места со највисок степен на депресија

10 работни места со највисок степен на депресија

Автор: Теодора Трповска

Некои работни места продуцираат поголем степен на депресија од други. Депресијата не се манифестира веднаш, туку по некој изминат период. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои работат стресна работа, имаат поголема можност да се справат со тоа, ако се грижат за себе и ако свесно ги земат работите во свои раце. Сепак, стресноста не секогаш произлегува од одговорноста што ја носи работата. Во најголем случај, стресот произлегува од начинот на кој се однесуваме кон луѓето што ја работат таа работа. Затоа, насмевка и убав збор му се добредојдени на секого, па така и на девојката што работи во соседниот млечен ресторан, професорката и административниот работник.

10 работни места со највисок степен на депресија.

1. Работа во дом за стари лица и работа со новороденчиња

Кај речиси 11% од луѓето кои ја работат оваа работа е забележана голема депресија. Обичен ден во дом за стари лица вклучува хранење, бањање и грижа за оние кои не се во состојба самите да ги извршат овие секојдневни работи, бидејќи се изнемоштени или премногу мали. Иако е благородна работа, гледајќи ги луѓето болни, изнемоштени и неспособни, невозможно е да се прима позитивна енергија.

10 работни места со највисок степен на депресија

2. Работа во ресторан, пекара, локална продавница

Луѓето кои ја работат оваа работа, најчесто се малку платени, а притоа имаат многу работа и целото работно време се опкружени со најразлични луѓе. Но, тие кои ја работат оваа работа понекогаш мислат дека таа е неблагодарна, бидејќи луѓето најчесто се непристојни и навредливи. Тоа ги доведува до депресија и речиси немаат мотивација и енергија да работат.

10 работни места со највисок степен на депресија

3. Социјални работници

Ова веројатно не е никакво изненадување. Да се справувате со злоупотребени деца, малтретирани жени и семејства во финансиска криза, не е лесно за никого, особено ако работите 24/7. Оваа работа бара жртви од оние кои ја работат, па така често пати социјалните работници се запоставуваат себе си, сѐ со цел да помогнат на другите.

10 работни места со највисок степен на депресија

4. Доктори, медицински сестри, болничари

Тука е вклучен целиот медицински персонал. Медицинските сестри и докторите често пати немаат фиксно работно време бидејќи буквално кажано, животите на многу луѓе се во нивни раце. Тоа самото по себе е стрес. Секојдневно се соочуваат со смртта и се справуваат со фамилиите и најблиските.

10 работни места со највисок степен на депресија

5. Уметници

Во случајот на сликарите и писателите, депресијата многу често резултира со ремек дело. Креативците имаат голем степен на депресија, стрес и се изолирани од обичните луѓе. Биполарноста се јавува кај многу уметници, како вид ментално пореметување.

10 работни места со највисок степен на депресија

6. Наставици

Едно е јасно. Оној кој ја носи работата дома, го носи и стресот. Дел од работата на наставниците е прегледување домашни, писмени, креирање наставни планови, а сето тоа тие го подготвуваат дома, во најчест случај. Имаат притисоци од родителите, децата, директорите, најразлични барања и желби треба да бидат задоволени, од што следствено се појавува депресијата.

10 работни места со највисок степен на депресија

7. Административен персонал

Од луѓето кои работат во ова поле секогаш се бара многу. Тие запишуваат сѐ и се грижат за сѐ. Но, административните работници се на дното на пирамидата и лесно се контролирани од врвот. Брзи, непредвидливи и стресни денови се дел од нивната работа.

10 работни места со највисок степен на депресија

8. Самостојни продавачи

Тие работат за себе и самостојно. Изгледа лесно и убаво, но доведува до депресија, бидејќи никогаш не знаат дали тој ден ќе остварат продажба.

10 работни места со највисок степен на депресија

9. Финансиски советник

Стрес! Стрес! Стрес! Овие луѓе ви кажуваат како е најдобро да ги вложите и инвестирате парите, колку да потрошите, каде да ги пренамените… А ни самите тие не знаат колку финансиски проблеми ги чекаат. Работата им е многу одговорна, бидејќи тие се одговорни за финансиите на нивните клиенти.

10 работни места со највисок степен на депресија

10. Основни работници

Тука влегуваат оние вешти луѓе кои ни ги поправаат расипаните делови од домаќинството. Секојдневно се опкружени со луѓе и нивните побарувања. Работат во секое време кога ќе бидат повикани, па дури и ноќе. Најчесто се изолирани од причина што секојдневно работат. Сет тоа предизвикува стрес и потоа, депресија.

10 работни места со највисок степен на депресија


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Vasja Reply

    Сте испуштиле програмери 🙂

  2. mac.s Reply

    hmmm.. .mislam deka skoro site mozni profesii ste gi nabroile tuka

  3. the bee Reply

    Po statijava izleguva deka sekoja profesija e depresivna …

    • Andrej Reply

      – архитекти
      – политичари
      – машински инженери
      – електроинженери
      – лаборанти
      – адвокати
      – спортисти
      – војници

      да продолжам???

  4. iv4e_butterfly Reply

    E sto e ova site profesii depresivni 😀 Za nekoi se slozuvam,ama za nekoi ne 🙂

  5. lady7mk Reply

    e kaj nas socijalnite rabotnici ne pravat nis’to. taka da nema zos’to da bidat depresivni.

  6. feu Reply

    a ostana nekoja cheerfull profesija??

  7. 050505 Reply

    Site raboti se stresni i vo site ima problemi, ama nikoj ne gi nabrojuva ibavite strani? 🙂

Напиши одговор на iv4e_butterfly Откажи одговор