Облечете го вашето куче со стил
Сте размислувале ли некогаш дека можеби вашето куче сака да изгледа убаво додека го шетате во паркот, каде се обидува да шармира некое друго куче од спротивниот пол? И самите знаете дека првиот впечаток е најважен, па затоа дајте му шанса на вашето милениче да биде фраер/ка во вашето маало.

Ако планирањето што да облечете за утрешниот работен ден ви е доволно напорно, тогаш сигурно немате време да мислите и на стилот на вашето куче. Но, барем еднаш во годината, на 1-ви април – денот на шегата, дајте му шанса на вашето кученце да блеска со својата уникатност. Во секој случај, не можете ништо да изгубите. Сите ќе сакаат да го погалат неодоливото животинче, а вие како негов сопственик ќе стекнете многу нови пријателства.

Следуваат 30 откачени модни парчиња со кои можете да го наполните плакарот на вашето кученце.






























