10 причини зошто треба да ги замените пластичните кеси со платнена торба

Пластичните кеси се навистина погодни за пренесување на продуктите од продавницата до дома. Тие се дел од нашиот секојдневен живот, па ретко размислуваме за нив. Иако овие кеси се навистина практични, нанесуваат многу штета на животната средина, како и на нашето здравје. Поради ова многу градови ширум светот ја забранија нивната употреба. Следниве причини ќе ве убедат и вие да се ослободите од пластичните кеси и еднаш засекогаш да ги замените со платнени торби за шопинг.

10 причини зошто да ги замените пластичните кеси со платнена торба

1. Пластичните кеси ги загадуваат водите и копното

Бидејќи се многу лесни, овие кеси лесно минуваат големо растојание по воздушен или воден пат. Често се закачуваат на гранките од дрвата, патуваат по површината на водата и на овој начин го загадуваат опкружувањето.

2. Направени се од необновливи извори и имаат влијание на климата

Повеќето од овие кеси се направени од материјал добиен од нафта и природен гас. И двата материјали се необновливи ресурси и нивното извлекување предизвикува глобални климатски промени. За производството на 9 пластични кеси потребна е исто толку енергија колку што би потрошил автомобил за возење еден километар.

3. Пластичните кеси остануваат во природата

Иако пластичните кеси се разградуваат, кога ситните честички ќе стигнат во океанот продолжуваат да опстануваат во телата на други живи битија. Според процените, по површината на океанот пловат околу милион штетни честички настанати од разградувањето на пластичните кеси.

4. Штетни се за животните

Разградените честички од кесите често завршуваат во храната на малите животни. Поради ова тие можат да страдаат од инфекција или да бидат отруени.

5. Штетни се за здравјето на луѓето

Пластичните кеси содржат хормонски хемикалии кои се штетни за човечкото здравје. Преку синџирот на исхрана, овие штетни материи стигнуваат и до нашиот организам и го загрозуваат нашето здравје.

6. Имаат своја цена

Кај нас пластичните кеси се наплаќаат. На местата каде што се бесплатни, нивната цена е вметната во производите.

7. Тешко се рециклираат

Повеќето објекти за рециклирање не ги исполнуваат условите за рециклирање пластични кеси, па затоа и не ги прифаќаат. Од пластичните кеси се рециклираат само 5%.

8. Овие кеси подразбираат екстремни трошоци

Пластичните кеси предизвикуваат многу надворешни трошоци кои често не ги земаме предвид. Овде спаѓаат негативното влијание врз животот, оштетувањето на животната средина и загрозувањето на флората и фауната.

9. Постои поквалитетна алтернатива

Кога користењето на платнената торба ќе ви стане навика, ќе се убедите во нејзината предност. Пред сè, платнените торби се многу поиздржливи. Покрај тоа нивната голема побарувачка ќе отвори работни места за повеќе луѓе.

10. Многу земји ја забранија употребата на пластични кеси

40 држави ширум светот ја забранија употребата и производството на пластичните кеси. Оваа забрана се препорачува и на глобално ниво.

За да ја зачувате околината, погледнете кои се видовите пластика што треба да престанете да ги употребувате уште денес.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар