Совети од минатото за одбирање сопруг што ќе ги изненадат сите жени

Совети од минатото за одбирање сопруг што ќе ги изненадат сите жени

Во 1923-та година била издадена книга со наслов „Мажи за кои не треба да се венчате“ од Рејнхолд Герлинг. Неодамна на Фејсбук се појави извадок од книгата и стана навистина популарен.

Совети од минатото за одбирање сопруг што ќе ги изненадат сите жени

Рејнхолд, помеѓу останатото, опишал и како изгледаат мажите кои се непожелни за брак. Според авторот, жените требало да обрнат особено внимание на прашањето „За кои мажи не треба да се венчаат“ бидејќи тоа било водечка мисла на секоја од нив додека го читала поглавјето.

Најпрво, за слаб карактер покажувало големото растојание помеѓу челото и брадата. Високото чело е знак за природна интелигенција, а истакнатото за недостаток од неа.

„Ова се важни карактеристики на луѓето и треба да им обрнете големо внимание ако сакате во бракот да најдете љубов и среќа.“

За мажите со широк и висок нос, мала горна и полна долна усна пишува дека имале цврст карактер и знаеле да бидат жестоки. Долгиот нос бил знак дека мажот е „склон кон разврат“, а оние кои биле расположени за борба требало да одберат маж со мустаќи.

Наводно, лажговците имале краток нос и крив поглед, додека остриот поглед и сериозното лице биле одлики на фасцинантни луѓе. Авторот нагласил дека милиот поглед често може да биде и лажен:

„Обично на јазикот има мед, а на срцето лед. Девојката не смее да се води по магичните љубовни изјави, тие се лажни и минливи. Мора будно да набљудува што се крие зад тие зборови бидејќи тоа е реалноста со која подоцна, како сопруга, мора да се соочи.“

Авторот споменал дека во карактерот на човекот голема улога има и увото:

„На карактерот на човекот влијае формата на ушите. Нормалното уво означува и нормален карактер, меѓутоа ненормалната форма на увото претставува многу проблематичен, често ненормален карактер.“

Според авторот, брчките се одлика на човечката душа – долгите брчки со коси линии покажуваат цврст карактер и племенита душа, додека кратките брчки се знак за слаб карактер и склоност кон неверство.

На крај, од голема важност бил и ракописот на мажот бидејќи тоа бил најважниот одраз на неговиот карактер.

„Буквите откриваат дали мажот само ви ласка или има карактер цврст како карпа. Секоја девојка треба да го истражи ова добро бидејќи тоа е еден од најважните начини да влезе во карактерот и во душата на нејзиниот иден сопруг.“

Герлинг ги советувал дамите да не се потпираат на мислењето на пријателките бидејќи тие не би можеле да го испитаат и да го искусат карактерот на мажите за кои не се заинтересирани.

Погледнете ги и љубовните совети од 1938-ма година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар