10 од најчудните места во светот - Part 2

10 од најчудните места во светот

6. Салар де Ујуни е прекрасен феномен на природата каде може да сведочите на спојувањето на небото и земјата. Па доколку некогаш сте сонувале да одите по облаци, тогаш оваа рамнина во Боливија е местото каде вашите соништа стануваат стварност. Кога врне дожд, ова пресушено солено езеро се претвора во огромно огледало и создава илузија дека чекорите по облаци.

11-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk 12-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

7. Скриената плажа на островот Мариета се наоѓа во близина на Пуерто Валарта, Мексико. Целосно скриена, оваа прекрасна плажа која настанала како резултат на вулкански ерупции со текот на времето, претставува самостоен екосистем и вистински тропски рај за сите обожаватели на нуркање во длабока вода и истражување на реткиот воден животински свет кој живее таму.

13-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk 14-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

8. Пештерите Ваитомо Глоуворм – Геолошкото чудо во Нов Зеланд е импресивно осветлено и нуди искуство како од бајка. Овде висат илјадници светлечки црви, кои фрлаат светлина врз ѕидовите на пештерите додека туристите ги посетуваат со бротчиња.

15-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk 16-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

9. Областа 51 – Приказната за ова место во Росвел, Њу Мексико датира од 1947 година, кога според легендата, на просторот на тајната воена база се урнал НЛО, каде наводно до ден-денес се вршат испитувања на вонземски тела во технолошки опремена лабораторија.

17-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk 18-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

10. Бадаб-е Сурт – Ефектот на колоритните тераси на Бадаб-е Сурт во Иран се создава благодарение на седиментните камења и водата која тече низ два многу уникатни минерални извори. Комбинацијата на бои е навистина прекрасна. Базените со разни нијанси на портокалова, црвена и жешко жолта образуваат форми кои личат како скали кои течат.

19-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk 20-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар