10 од најчудните места во светот

10 од најчудните места во светот

Автор: Сања Петровска

Земјината топка е едно огромно скривалиште на безброј тајни. Секој ден насекаде во светот се откриваат најразлични места, се разрешуваат долго неразјаснети мистерии и се гледаат најчудните нешта. Човекот е секојдневно изложен на најинтересните и најбизарни откритија. Секој дел од нашава неверојатна планета е способен да нѐ фасцинира и воодушеви, некогаш и да нѐ исплаши. Чекор по чекор, ден по ден, се откопуваат сѐ повеќе богатства кои биле длабоко закопани и чекале некој да ја раскаже нивната приказна. Земајќи предвид дека такви има уште мал милион, тие се рај на земјата за оние немилосрдни авантуристи и занесени љубители на фотографијата, уметноста, креативноста, па дури и за класичните аматери чија желба е да фрлат еден поглед на нив. Невообичаено однесување на природата кое чека на вас…

1. Лох Нес е големо и пространо езеро со доста матна и непроѕирна вода, скриено меѓу шкотските висорамнини. Покрај својата убавина, ова езеро е надалеку познато по легендата за појавувањето на чудовиштето од Лох Нес, наречено Неси, кое живее во неговите води. Простирајќи се на 56,4 километри квадратни и со најдлабока точка на 230 метри, ова езеро ќе ве натера да се замислите што всушност се крие во неговите длабочини.

1-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk 2-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

2. Бранот претставува карпа од песочни камења која се наоѓа во Аризона, Јута. Меѓу народот овој предел е познат по чудните и интересни песочни форми во облик на буквата „U“, за планинарите по нерамните пешачки патеки кои не оставаат траги, а за заљубените во фотографијата можност да направат фантастични фотографии. Се верува дека оваа разнобојна формација постои уште од Јура периодот.

3-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk 4-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

3. Стоунхенџ е споменик од камен кој се наоѓа во Велика Британија, а чија мистерија лежи во неговата архитектура и намена. Постојат повеќе различни теории за овие камени столбови кои датираат уште од пред 5.000 години, меѓу кои се наоѓаат претпоставките дека можеби биле антички гробишта, место каде слетувале вонземјанските бродови, пагански споменик. Но кога се работи за Стоунхенџ, кое и да е прашањето, одговорот останува непознат.

J940231 6-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

4. Кано Кристалес (Кристална река) е прекрасна река, уште позната и како река-виножито, која се наоѓа во Серанија де ла Макарена, Колумбија. Неверојатноста на оваа река лежи во фактот дека таа има 5 бои кои се прелеваат една во друга: жолта, црвена, зелена, сина и црна. Логичното објаснување за ова се жолтиот песок, алгите и зелениот мов кои се на дното на реката, а кои овозможуваат во периодот меѓу сушната и дождовната сезона оваа река да ги воодушеви сите кои ќе фрлат поглед на неа.

7-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk 8-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk

5. Насканските линии претставуваат геоглифи, серии на геометриски форми, километри од линии и цртежи на човечки и животински фигури со огромна големина. Тие се наоѓаат на пространи песочни површини во Перу. Постојат многу теории за идејата која стои зад нивното создавање уште во 500 година п.н.е., а најинтересни се тие дека означуваат пат до соѕвездија на небото или дека се дело на вонземјани.

9-10-od-najchudnite-mesta-vo-svetot-kafepauza.mk Lignes et géoglyphes de Nasca et de Pampas de Jumana


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар