10 морничави предмети што се навистина скапи

Повеќето луѓе знаат дека постојат личности кои би потрошиле цело богатство за најлудите работи. Но овие предмети се посебни. Ова се предмети кои наводно се опседнати, проколнати или поврзани со смртни случаи, а на нив се потрошени многу пари. Нејасно е зошто луѓето би трошеле пари на нешто од кое повеќето сакат да се ослободат, но барем нивните приказни се навистина интересни.

1. Проколнатата слика насликана со крв

10 морничави предмети што се навистина скапи

Првото појавување на маслената слика позната како „Очајниот човек“ е во една приказна од Северна Англија. Шон Робинсон тврдел дека неговата баба ја чувала оваа слика на нејзиниот таван цели 25 години. Покрај тоа постојано зборувала за натприродните нешта што се случувале во нејзиниот дом. Таа гледала темна фигура на маж и слушала чудни звуци и плачење. Изјавила дека мажот се самоубил и ја употребил неговата крв во сликата.

Откако баба му умрела, Шон ја зел сликата. Стоела во неговиот подрум сè додека не почнале да се случуваат чудни работи во неговиот дом. Тој ги слушал истите звуци и плачење како и баба му. Таа го предупредила дека сликата е злобна, но Шон и неговото семејство не биле подготвени за тоа.

Некогаш оваа слика се продавала за 1.700 евра. Наводно веќе не е за продажба.

2. Кукла опседната од духот на 20-годишна девојка

10 морничави предмети што се навистина скапи

Оваа морничава кукла се продавала на eBay. Сопственикот тврдел дека е опседната од духот на 20-годишна девојка по име Дијана. Иако и самиот рекол дека искуствата се за забава и не гарантира дека ќе работи исто за секого, куклата сепак е морничава и навистина скапа.

Според сопственикот, поради куклата неговите соседи гледале „фантомски деца“, а можела и самата да се движи. Доколку сте заинтересирани, цената на куклата е 1.080 евра.

3. Реплика на Анабел

10 морничави предмети што се навистина скапи

И оваа кукла се наоѓа на eBay. Репликата е неверојатна, но нема паранормални особини. Направена е според филмот „Анабел“ (Annabelle) кој е инспириран од вистинската приказна на Ед и Лорејн Ворен, демонолози кои навистина работеле на случајот со Анабел.

Иако вистинската кукла изгледа поразлично од онаа на филмот и од репликата, овие се навистина поморничави. Кога ќе земете предвид дека куклата сама се појавувала на разни места во куќата и е еден од најопседнатите предмети, сигурно нема да ја сакате во вашиот дом ни репликата. Нејзината цена е 2.100 евра.

4. Лонецот на психопатот

10 морничави предмети што се навистина скапи

Ова е стар метален лонец што му припаѓал на Ед Гејн. Тој бил познат сериски убиец во 1950-тите кој убивал луѓе, ги дерел нивните исечени делови од телото и ги претворал во облека и покуќнина. Токму ова е лонецот во кој ги чувал деловите од неговите жртви.

Приказната за Ед е инспирација за многу класични холивудски хорор филмови. Овде не станува збор за реплика, туку за вистинскиот лонец што го користел Ед. Бил купен од Зак Баганс, од жена која го користела како саксија, по цена од 2.400 евра.

5. Црниот дијамант Орлов

10 морничави предмети што се навистина скапи

Ова е еден од најскапите предмети на листата. Последен пат бил продаден на аукција во 2006-та година по цена од неверојатни 306.000 евра. Неговата цена постојано расте и денес можеби вреди 1 милион. Иако наводно клетвата на дијамантот е скршена, мрачната историја не се заборава.

Со потекло од Индија, се смета дека во дијамантот Орлов има едно од очите од статуа на Брама, богот создател во Хиндуизмот. Дијамантот бил украден и директно поврзан со три мистериозни самоубиства на неговите претходни сопственици. Дијамантот бил одново обработен во 1950-та година, и наводно со ова се прекинала клетвата. Актерката Фелисити Хофман го носела дијамантот на Оскарите во 2006-та година.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар