Што се случува кога ќе блокирате некого на социјалните мрежи?

Постојат многу причини за да блокирате некого и не ви треба оправдување за да го направите тоа. Но, пред да го притиснете копчето за блокирање, добро е да знаете што ќе постигнете со тоа, односно кои се потенцијалните последици за секоја од најпопуларните социјални мрежи.

Што се случува кога ќе блокирате некого на социјалните мрежи?

Фејсбук

Доколку се одлучите да блокирате некого на Фејсбук, тие нема да може повеќе да ве означуваат на објави или на фотографии и нема да имаат пристап до вашите објави. Ова значи и дека тие нема да можат да ве покануваат на настани или во групи, но и да започнат разговор со вас или да ве додадат за пријател. Со самото блокирање, вие повеќе не сте пријатели на мрежата. Доколку сакате да „одморите“ од некого, но сакате да го задржите како пријател, постои опција привремено да не го следите, односно да го ставите корисникот на пауза 30 дена.

Инстаграм

Кога блокирате некого на Инстаграм тие не може да го најдат вашиот профил, како и вашите објави и приказни. Не грижете се, корисниците не добиваат известување доколку некој ги блокирал. Доколку луѓето кои сте ги блокирале ве споменуваат на Инстаграм, тоа нема да се појави на вашиот профил. По блокирањето, нивните „лајкови“ или коментари остануваат на фотографиите и видеата, кои можете рачно да ги избришете доколку сакате. Како и со Фејсбук, можно е привремено да не ги гледате објавите од одреден корисник без да го блокирате.

Твитер

Твитер ви овозможува да го скриете профилот или само одредени објави за одредени корисници. Откако ќе го блокирате, корисникот не може да ве следи, но и вие не може да го следите профилот кој сте го блокирале. Блокирањето не испраќа известување до личноста, но тие може да видат дека се блокирани доколку го отворат вашиот профил. Најважно е да се запомни дека блокирањето на Твитер не ги крие вашите објави од корисниците доколку вашиот профил е јавен. Некој кого сте блокирале може да ви ги гледа објавите доколку е одјавен од неговиот кориснички профил.

Покрај можноста за блокирање на некој корисник, на Интернет има и можност за пронаоѓање љубов. Овие славни парови се запознале токму преку социјалните мрежи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар