Книга: „Чест“ – Елиф Шафак

„Извонреден роман, егзотичен, длабок и крајно неизвесен.“

Книга: „Чест“ – Елиф Шафак

„Мама умре двапати. Си ветив дека нема да дозволам да се заборави нејзината приказна, но никако да најдам време, волја и храброст да ја напишам. Сè до неодамна…“ Вака Есма ја започнува својата приказна, или поточно приказната за нејзината мајка. Она што следува е еден мајсторски напишан роман со „шекспирови заплети и пресврти, кобни знаци и енигми, пророштва и судбини“ (Индипендент).

Шафак е позната турска писателка најмногу почитувана и сакана поради нејзината отвореност и храброст во раскажувањето. Таа умее квалитетно да го опише судирот на традиции, сфаќања и верувања меѓу истокот и западот и да ги изведе на виделина најмрачните страни на традицијата, љубовта и верата. Ако подолго време сте во потрага по квалитетен роман кој ќе ви искрадува воздишки, штотуку го пронајдовте.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Како што претходно кажав, приказната започнува со Есма која се обидува да се помири со ужасното и непростливо злосторство што го извршил нејзиниот брат – убиство од чест. Есма ја раскажува приказната на нејзината мајка враќајќи се назад за три генерации – до нејзината баба која ги раѓа двете сестри близначки во едно село близу реката Еуфрат. Таа сака да ги крсти девојчињата Судбина и Доста поради нејзината разочараност што по толку женски деца не успеала да роди син. Но, наместо тоа девојчињата се крстени Џамила и Пембе. Тие две тргнуваат по различни патишта во животот, но многу години подоцна големата трагедија ги поврзува. Џамила останува во родното село и станува позната како чесната бабица, а нејзината сестра Пембе се мажи за Адем и заедно емигрираат во Лондон во 70-тите. Соочени со силен судир на традиции, Пембе и Адем се борат да обезбедат добар живот за своите три деца, Искендер, Есма и Јунус. Откако Адем ги напушта, останува Искендер да се грижи за семејството но и да ја брани честа на нивната куќа. Токму кога Искендер дознава дека неговата мајка се гледа со друг маж, исто како што многупати бил научен на тоа додека растел, сега повторно се соочува со фактот дека можеш да сакаш некого со целото срце, но сепак да го повредиш.

Книга: „Чест“ – Елиф Шафак

Велат не постои подобра реклама за една книга од кажаниот збор на некој што ја прочитал. Збор кој понатаму се шири од еден на друг љубител на добрата литература. Во тој случај ќе бидам искрена со вас. „Чест“ е една од најдобрите книги што сум ги прочитала, и тоа ни помалку ни повеќе туку ја вбројувам меѓу првите три. Ќе направи да се исклучите од светот и за миг да заминете во курдското село покрај реката Еуфрат, во Истанбул, па во Лондон. Ќе станете дел од тешката судбина на Пембе и нејзината сестра Џамила.

Обесправената положба на жената во муслиманската религија е само дел од темите, но овој роман е многу повеќе од тоа. Станува збор за маестрална психолошка анализа на секој од ликовите и борбата за правото на слобода и љубов што секој го заслужува. Нехронолошкиот редослед на раскажување кој ве тера да бидете целосно сосредоточени на она што го читате и да ги следите судбините на ликовите, деталното и богато раскажување исткаено во сите бои и вкусови е она што ме натера да ја засакам оваа книга уште од првата страница.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 6 август 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар